Изгледот на пејачката Дара Бубамара е честа тема во медиумите, а истото се случи и овој пат кога таа предизвика лавина на коментари откако сподели непрепознатлива фотографија на својот Инстаграм профил.
Имено пејачката е вљубена во естетските операции, но никако да го признае тоа.
Прв пат силикони Дара стави пред десетина години кога и самата изјави дека ги менува неколку пати од тогаш до денес.
Таа гордо откри дека е сопственичка на таканаречените „седмица“ големина на силикони и чинат околу 15 илјади евра.
Пејачката пред четири години ја изненади јавноста кога во медиумите се прошири веста дека таа искеширала 18 илјади евра за нејзината нова насмевка, па така таа новите заби ги направи во Цирих со најсовремени методи во тоа време.
Таа ги дополнува усните и неколку години по ред, па до сега се претпоставува дека дала околу 2.500 евра за нив.
Најновите фотографии кои ги објави пејачката неодамна предизвикаа лавина на коментари, па така медиумите анализираа дека таа направила нова целосна трансформација.
Пејачката инаку пред да го објави овој нов изглед престојуваше во Турција со што уште толку се зголемија шпекулациите дека таа во една од клиниките таму искеширала од 4.000 до 7.000 евра за целосен ремонт на своето лице.