(Фото) Роналдо „фатен“ во клубот направи нешто на што сите млади треба да се угледаат

Кристијано Роналдо е на одмор со својата девојка Георгина Родригез со која ги помина последните денови на јахта на Ибица.

Португалскиот напаѓач неодамна ја заврши својата натпреварувачка сезона, откако беше дел од португалскиот тим на натпреварите од Лигата на нации одиграни претходно во јуни.

Откако вчера дел од тимот на Манчестер Јунајтед се сретна и го одработи првиот тренинг под команда на новиот селектор Ерик тен Хаг, отсуствуваа неколку играчи, меѓу кои и Кристијано Роналдо, кој имаше продолжена пауза поради одиграните натпревари во националниот тим.

Да потсетиме, одличниот Португалец реши да помине релаксирачки денови на Ибица со семејството.

Португалецот исто така поминал време во клубот, синоќа, со својата девојка Георгина Родригез, пренесува The Sun. Тие двајца беа неразделни и во многу моменти беа фатени во нежни гестови еден кон друг.

Изворот забележува и дека фудбалерот не консумирал алкохолни пијалоци, а навиката ја усвоил откако татко му починал поради проблеми со зависноста. Дефинитивно, уште еден доказ за големата посветеност на Роналдо и одличен пример за младите.

Георгина Родригез не била толку „внимателна“ и била фатена како пие алкохол.

Во моментов иднината на Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед е доведена во прашање, но најновите вести од Англија најавуваат дека тимот од Олд Трафорд не ја разгледува можноста да го пушти Португалецот да си замине, бидејќи тој е неопходен за новиот тренер Ерик тен Хаг.

Коментари

Популарно