Хали Бери по вторпат е бремена!

Американската актерка, Хали Бери го чека второто дете на 46 годишна возраст!

Ова ќе биде нејзиното прво дете со нејзиниот свршеник, 47-годишниот Оливиер Мартинез. Според зборовите на извори блиски до двојката, Хали Бери и Оливиер Мартинез го очекуваат своето прво дете.

Актерката е бремена веќе три месеци, а тие го знаат и полот на бебето, односно го очекуваат раѓањето на својот син.

- Хали и Оливер се премногу возбудени. Тоа е благослов.

Одвај чекаат на свет да дојде нивното дете - изјавил неименуван извор близок на парот, пренесe „InTouch“. Гласините за наводната бременост на актерката започнале откако таа била забележана како го крие својот стомак за време на одморот на Хаваи со нејзиниот свршеник.

Коментари

Популарно