СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.Б.(36) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 20.09.2024 кај наплатна рампа Миладиновци, скопско, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот и во возилото во кое се превезувал, при што кај него бил пронајден и одземен хероин.