Во новата епизода од поткастот '' Равенка за успех " кај Маја Поцевска на гости се пејачката Антониа Гиговска и стилистот Даниел Николовски. Двајцата млади и амбициозни уметници во опуштена атмосфера раскажаа за нивното големо пријателство како и за соработките на професионален план.ќ
Антониа искрено сподели емотивни моменти од нејзиниот живот и раскажа како се справила со јавниот "линч" што го доживеа. Зборуваше за машко женските односи, искуствата со изневерувањата во врските, и за тоа како ги комбинира приватниот и професионалниот живот.
Даниел, смешен и интересен како и секогаш откри многу детали од приватниот живот и го сподели искуството од работата со балканските ѕвезди.
Двајцата говореа за својата соработка, а Даниел сподели како Антониа му праќала слики за тој треба да ги поправи на фотошоп, истите биле невозможно да се корегираат, а пејачката на крај сепак си ги објавила без никакви преправки.
Во поткастот равенка за успех Маја ги праша гостите и за тајната на нивната форма, на што пејачката одговори дека ослабела 33 килограми за само 55 дена и за чудо, тоа го направила со јадење 5 оброци во денот.
Се говореше и за почетоците на нивните кариери, за домашните обврски, а и двајцата гости открија дека не баш најдобро се справуваат во кујната.
Антониа раскажа за љубовта на нејзиниот живот, синчето Киан и дека доколку тој не бил дел од нејзиниот живот сигурно ќе се „изгубела“, а говореше и за минатите врски и искуства и за тоа зошто една жена се одлучува да изневери.
Целиот разговор и работите кои Антониа и Даниел за прв пат ги споделија на јавноста, може да ги погледнете на следниот линк:
Гледајте "Равенка за успех" со Маја Поцевска секој понеделник во 20:00 часот.