Утре ЈСП ќе сообраќа по изменет режим

Од ЈСП информираат дека во недела (17.11.2024 год) во период од од 9 до 12 часот или до ослободување на затворените улици, поради одржување на Атлетска трка, неколку сообраќајници ќе бидат затворени, па од тие причини дел од линиите од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот.

Во целост ќе бидат затворени улиците од пред ТЦ Палома Бјанка до Црвен крст (ул.Димитрие Чуповски и ул.11ти Октомври) и од Собранието до ГТЦ (ул.Филип Втори Македонски). 

Изменети траси ќе имаат линиите 4, 4А, 5, 7, 15, 21, 21А, 21Б, 22, 23, 24, 27, 50, 50А, 57 и 59.

ТРАСИ НА ДВИЖЕЊЕ

Линија бр.4: Во насока од нас.11ти Октомври кон Хром ќе сообраќаат на тој начин што од ул.11ти Октомври врти лево по ул.Кирил и Методиј, кај Дом на печат десно по бул.Климент Охридски, лево на бул.Партизански Одреди и продолжува по својата траса.

Во обратна насока од бул.Партизански одреди ќе вртат десно по бул.Климент Охридски, лево по ул.Железничка, кај Неуромедика ќе вртат лево по Јужен булевар до крстосницата кај Тутунски комбинат, потоа десно по ул.11 Октомври и ќе продолжува по својата вообичаена траса.

Линија бр.4А: Во насока од Усје кон Тафталиџе ќе сообраќа на тој начин што од ул.11ти Октомври врти лево по ул.Кирил и Методиј, кај Дом на печат продолжува право и од кружнит тек кај католичка црква продолжува по ул.Митрополит Теодосиј Гологанов по својата траса.

Во обратна насока од ул.Митрополит Теодосиј Гологанов, десно по бул.Климент Охридски, лево по ул.Железничка, кај Неуромедика ќе вртат лево по Јужен булевар до крстосницата кај Тутунски комбинат, потоа десно по ул.11 Октомври и ќе продолжува по својата вообичаена траса.

Линија бр.5: Во насока од Ново Лисиче кон Ѓорче Петров ќе сообраќаат на тој начин што од Југодрво продолжува право по ул.Кирил и Методиј, кај Дом на печат продолжува право и од кружниот тек кај католичка црква продолжува по ул.Митрополит Теодосиј Гологанов по својата траса.

Во обратна насока од ул.Митрополит Теодосиј Гологанов, десно по бул.Климент Охридски, лево по ул.Железничка, кај Неуромедика ќе вртат лево по Јужен булевар до крстосницата кај Тутунски комбинат, потоа лево по ул.11 Октомври и ќе продолжува по својата вообичаена траса.

Линија бр.7: Во насока од Лисиче кон Карпош ќе сообраќаат на тој начин што од Југодрво продолжува право по ул.Кирил и Методиј, кај Дом на печат десно по бул.Климент Охридски, лево на бул.Партизански Одреди и продолжува по својата траса.

Во обратна насока од бул.Партизански Одреди врти десно по бул.Климент Охридски, лево по ул. Железничка, кај Неуромедика ќе вртат лево по Јужен булевар до крстосницата кај Тутунски комбинат, потоа десно по ул.11 Октомври и ќе продолжува по својата вообичаена траса.

Линија бр.15: Во насока на Ново Лисиче кон Карпош ќе сообраќаат на тој начин што од Југодрво продолжува право по ул.Кирил и Методиј, кај Дом на печат десно по бул.Климент Охридски, лево на бул.Партизански Одреди и продолжува по својата траса.

Во обратна насока од бул.Партизански Одреди врти десно по бул.Климент Охридски, лево по ул.Железничка, кај Неуромедика ќе вртат лево по Јужен булевар до крстосницата кај Тутунски комбинат, потоа лево по ул.11 Октомври и ќе продолжува по својата вообичаена траса.

Линии бр.21, 21A, 21Б и 22: Во насока од Транспортен центар кон Бардовци и Волковоќе сообраќаат така што кај Комплекс банки продолжува по бул.Крсте Мисирков, лево по бул.Гоце Делчев, бул. Партизански Одреди и продолжува по својата редовна траса.

Во обратна насока се движи по истата променета траса.

Линија бр.23: Во насока од нас.Аеродром кон Дом на печат ќе сообраќа на тој начин што од Југодрво продолжува право по ул.Кирил и Методиј до Дом на печат.

Во обратна насока од бул.Мајка Тереза, лево по ул.Железничка, кај Неуромедика ќе вртат лево по Јужен булевар до крстосницата кај Тутунски комбинат, потоа лево по ул.11 Октомври и ќе продолжува по својата вообичаена траса.

Линија бр.24: Во насока од Кисела Вода кон Тафталиџе ќе сообраќаат на тој начин што кај подвозникот врти лево по ул.Кирил и Методиј, кај Дом на печат десно по бул.Климент Охридски, лево на бул.Партизански Одреди и продолжува по својата траса.

Во обратна насока од бул.Партизански Одреди врти десно по бул.Климент Охридски, лево по ул.Железничка и продолжува по својата траса.

Линија бр.27: Во насока од нас.Аеродром кон Дом на печат ќе сообраќа на тој начин што од Југодрво продолжува право по ул.Кирил и Методиј до Дом на печат.

Во обратна насока од бул.Мајка Тереза, лево по ул.Железничка, кај Неуромедика ќе вртат лево по Јужен булевар до крстосницата кај Тутунски комбинат, потоа лево по ул.11 Октомври и ќе продолжува по својата вообичаена траса.

Линии бр. 50, 50А, 57 и 59: Во правец на Клинички центар, Дом на печат, Козле и Карпош ќе сообраќаат на тој начин што од стојалиштето на Битпазар вртат десно по бул.Гоце Делчев, а после мост Гоце Делчев и бул.Блаже Конески продолжуваат по своите редовни траси.

Во обратна насока се движат по истите променети траси. 

Најавен штрајк пред Град Скопје, ќе протестираат вработените од ЈП Улици и патишта поради неисплатена плата

Вработените од ЈП„ Улици и патишта“ преку писмено соопштение информираа дека се најавува штрајк пред просториите на Град Скопје поради неисплатена плата. Како што велат од таму ова се должи на катастрофалното менаџирање на двоецот Арсовска - Глигоров преку разрешениот директор Ванчо Умленски.

Во соопштението се посочува дека претпријатието повторно како и минатиот месец има сериозни проблеми со исплата на личниот доход на вработените.

Според вработените причините за ваквата состојба се следните:

 1. Презадолжување на претпријатието кон добавувачи на материјали во износ од 240 милиони денари;

2. Не плаќање на долгот од страна на директорот, односно градоначалничката, т.е. селективно плаќање на фирми блиски до секретарот и градоначалничката;

3. Сметката е блокирана во износ од 10 милиони денари и извршни решенија во износ од 40 милиони денари кои ќе стапат на сила наредниов период;

4. Во претпријатието нема основни средства за работа како нафта, ризла, тампон, рабници. Причина за ова е не плаќањето на обврските кон добавувачите, а со тоа и испораката на материјалите;

5. Градежни машини и возила што поради погоре наведените причини се со дефекти и не се сервисираат со месеци;

 Од страна на вработение се додава дека тие се принудени преку штрајк да го остварат своето право на личен доход и истиот ќе биде пред Собранието на Град Скопје кога вработените ќе дојдат со целата механизација.

Коце Трајановски: Ќе асфалтираме и во зима, дел од автопатот Кичево - Охрид ќе го пуштиме во летната сезона

Работиме и во зимските месеци и автопатот Кичево-Охрид ќе го пуштиме и пред летната сеозона догодина, напиша во вчерашната објава на социјалните мрежи директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски.

„Денеска заедно со екипа од Сител ТВ извршивме увид во градежните работи на ескпресниот пат Страцин – Крива Паланка. За првпат во Македонија се овозможува да се гради и во зимски период, односно градежните компании набавија адитив кој овозможува да се асфалтира и на пониски температури. На овој начин се продолжува и градежната сезона. Ако таа досега беше 6 до 8 месеци сега ќе имаме асфалтирање во период од 8 до 10 месеци во годината. Сето ова, пак ќе овозможи забрзување на проектите и зимските услови во наредните месеци нема да бидат пречка да продолжиме со асфалтирањето“, вели Трајановски.

Тој додава дека досега зависеле од условите на времето, а на ниски температури морало да се прекине со асфалтирање.

„Оваа зима и во месеците што следуваат ќе продолжиме со асфалтирање и тоа на автопатот Кичево - Охрид каде што има тројца изведувачи, едниот е ‘Гранит’, вториот е ‘Илинден - Струга’, а третиот е самиот ‘Синохидро’, со што ќе овозможиме Кичево - Охрид пред летната сезона догодина да го пуштиме во употреба, ако не во двата правци, тогаш едниот да биде целосно асфалтиран и пуштен во сообраќај“, вели Трајановски во објавата на Фејсбук.

Горан Пандев: Честито Масар Омерагиќ– пред нас е многу работа!

*Се гледа сонце на крајот од тунелот во ФФМ. Се радувам на оставката на Муамед Сејдини по која работите ќе тргнат на многу подобро.

*И претходно и сега велам дека Масар Омерагиќ е најдоброто решение, ја сум со него во екипата и подготвен да работам за доброто на фудбалот со сето мое срце и знаење.

*Многу работа е пред нас, да се почне од темел за доброто на сите – браво за фудбалерите и настапите во Лигата на нации, но младите селекции се голем проблем!

Промените во ФФМ беа очигледни, очекувани и најавени уште пред неколку месеци кога револтот од неколку фудбалски легенди се прели и во структурите на федерацијата каде 10 члена од УО на ФФМ побараа итен состанок со претседателот Муамед Седјдини. Таа седница се одржа на вчера и на истата Муамед Сејдини поднесе оставка на претседателската функција. Собранието за избор на негов наследник е закажано за 22 декември.

Уште пред неколку месеци Горан Пандев во интервју за СпортСпорт ги најави промените и јавно кажа дека е во тимот за промени во ФФМ со Масар Омерагиќ. Денеска најдобриот на сите времиња се огласи од Џенова.

„Се гледа сонце на крајот од тунелот во ФФМ… Вчерашниот ден беше убав… Победа над Фарските острови, прво место во групата и оставка на Муамед Сејдини. Верувајте ми дека работите ќе тргнат на подобро. ФФМ е институција на која и требаат професионалци и луѓе кои освен интересот на фудбалот немаат друг интерес како финансии и ред други работи…“, коментира Пандев од Џенова од каде го најави своето враќање во мак-фудбалот.

„И пред извесно време и сега повторувам и јавно кажувам дека Масар Омерагиќ е најдоброто решение за претседателската фунција на ФФМ. Масар ти честитам на упорноста и нервите кои ги имаше за да дојдеш до овој стадиум и да бидеш на чело на федерациојата каде требаше да бидеш и пред 12 години. Тука сум за мак-фудбалот, ќе бидам дел од новата гарнитура во ФФМ и на располагање го ставам сето мое знаење и контакти за доброто на сите. Не чека многу работа, темелни промени и комплетна реорганизација во младинскиот фудбал. Треба трпение но ако се имаат вистинските луѓе и проекти резултатите ќе дојдат. Ни треба јака стратегија, проект по кој ќе бидеме препознатливи а не по фудбал кој кај нас е ист 30 години и фудбал во кој имаме периодични а не константни резултати“.

Горан Пандев го најави своето доаѓање во Македонија деновиве и на самото собрание на ФФМ на 22 декември а воедно им честита на на фудбалерите за успехот во Лигата на нации:

“Ќе бидам во Скопје деновиве, ќе се видам со идниот претседател на ФФМ и сакам да бидам на Собранието на 22 декември. Воедно им честитам на сениорите за успехот во Лигата на нации, но тој успех треба да се надогради и потврди во квалификациите з СП кои се играат од март. Максимална поддршка затоа што успехот и неуспехот на репрезентацијата е на сите кои сме биле дел од истата и навиваме за неа.  Како не треба да се работи е она што се случува во младите селекции а посебно во репрезентацијата до 21 година. Ни треба иднина, план за развој и професионални тренери но и инфраструктура. Со чесна работа сето тоа ќе се обезбеди… Се гледаме за брзо во ФФМ“, најави Горан Пандев ден по оставката на Муамед Сејдини.

Покрај Горан Пандев во блискиот тим на Масар Омерагиќ од легендарните фудбалери е и Агим Ибраими. Во ФФМ ќе има место за многу познати играчи од минатото и сегашноста. Промените се случуваат!

Популарно