Товарен воз вчеравечер во 21:37 часот излета од шините помеѓу железничките станици „Кадина Река“ и „Зелениково“, информираа од Центарот за управување со кризи.
Сообраќајот е во целосен прекин во тој дел.
Според информациите, нема повредени лица, а на терен се екипи од Македонски железници.