Воз излета од шини меѓу станиците Зелениково и Кадина Река

Товарен воз вчеравечер во 21:37 часот излета од шините помеѓу железничките станици „Кадина Река“ и „Зелениково“, информираа од Центарот за управување со кризи.

Сообраќајот е во целосен прекин во тој дел.

Според информациите, нема повредени лица, а на терен се екипи од Македонски железници. 

По 17 дена борба, почина 23-годишната Ања - извлечена од урнатините по падот на дел од настрешницата во Нови Сад

По 17 дена борба, во КЦ „Војводина“ почина 23-годишната Ања Радоњиќ од Параќин.

Ања е извлечена од урнатините по падот на нереконструираниот дел од настрешницата во Нови Сад.

Имала внатрешно крварење, раката и била ампутирана и била приклучена на дијализа. Семејството и нејзиното момче деноноќно биле во болница и се молеле за нејзино оздравување, пренесува српски Информер.

Нејзиното момче беше сведок на овој трагичен настан. Имено, двајцата разговарале на телефон додека таа излегувала од станицата во Нови Сад, а потоа на само неколку метри од него се случила трагедија.

– На сите им е тешко, а тој, како што рече, бил на неколку метри од неа. Ја чекаше да излезе од железничката станица. Во моментот кога се случила несреќата, кога паднала настрешницата, двајцата разговарале на телефон… Тој гледал се, секој момент, изјави роднина на Ања.

Ања била студентка на Филолошкиот факултет во Белград, студирала кинески.

Семејството и пријателите се збогуваат со неа на социјалните мрежи.

Информацијата дека Ања Радоњиќ починала ја потврди в.д директор на Клиничкиот центар „Војводина“, Весна Туркулов.

– Се работи за пациент со најтешки повреди. Петнаесеттата жртва во несреќата што се случи во Нови Сад на 1 ноември. И покрај борбата и напорите на лекарите, дојде до смртен исход. Во името на сите вработени во КЦВ сакам уште еднаш да изразам најдлабоко сочувство до семејството и благодарност до лекарите кои дадоа се од себе, рече Туркулов.

„Преминати се сите граници“ вели Герасимовски откако деца направија нова штета во скопски Капиштец

Ноќта сабота меѓу недела, изминатиот викенд, во паркот во Капиштец, малолетни лица обиле багер, го ставиле во функција и предизвикале штета на паркирано возило.

Дополнително, уништени се каблите за системот за наводнување и направена е значителна материјална штета. Полицијата веднаш изврши увид и ги презема сите мерки за утврдување на одговорноста.

Градоначалникот Горан Герасимовски апелира до родителите да разговараат со своите деца за сериозноста последиците на ваквото однесување.

„Преминати се сите граници! Оштетен е јавен и приватен имот. Нарушена е безбедноста и јавниот ред. Не смее да се дозволи уништување на јавниот и приватен имот. Ваквото однесување мора да запре пред да се случи и нешто полошо. Повикувам на свест и одговороност“, порача Герасимовски.

Овој инцидент доаѓа неколку месеци по обивањето и кражбата на општинскиот комунален пункт во Капиштец, како и по уништувањето на реквизитите на детските игралишта.

Општина Центар, во текот на летото, објави видео снимки доставени од граѓани, на кои се гледаат сцени на деструкција, дивеење и загрижувачко однесување на млади лица на јавен простор во истата населба.

Градоначалникот тогаш побара засилено присуство на полицијата на терен. По најновиот инцидент, Герасимовски повторно потсетува дека безбедноста зависи од заедничкиот ангажман на граѓаните, Министерството за внатрешни работи и локалната самоуправа.

„Клучно е да соработуваме и комуницираме за да се спречат ваквите инциденти. Само со заедничко залагање ќе имаме мирни населби и сигурен живот за нашите граѓани“, додаде Герасимовски. 

Популарно