Георгина Родригез објави неколку нови фотографии на Инстаграм направени во Ријад, Саудиска Арабија.
Таа уживаше во прошетката низ природата, а чизмите кои ги носеше го привлекоа вниманието на нејзините следбеници. Станува збор за модел на брендот Шанел чијашто цена изнесува околу 2000 евра. Нејзината објава досега собра повеќе од 2 милиони лајкови.