Двајца македонски доктори ги спасуваа повредените од терористичкиот напад во Магдебург

Двајца македонски доктори, Златко Станковски и Владимир Митевски помагале во спасувањето на повредените во терористичкиот напад кој синоќа се случи во Магдебург.

Македонската амбасада во Германија објави фотографии од двајцата доктори.

-Златко е од Прилеп, а Владимир од Радовиш. Тие работат како специјалисти за интерна медицина и интензивна нега во болницата во Магдебург. Синоќа го дадоа својот придонес во спасувањето и лекувањето на погодените од трагедијата во Магдебург. Горди со нашата дијаспора, велат од амбасадата во Берлин.

Вчера на божиќен пазар во Магдебург влета автомобил кој откако удри во толпата луѓе, продолжи да вози уште некаде околу 400 метри. Во нападот животот го загубија петмина, а 205 луѓе побарале здравствена помош. 86 имаат тешко повреди и се задржени во болница.

Коментари

Популарно