(Видео) Малата Јована Колевска пред 15 години едвај преживеа – денеска е здрава и среќна тинејџерка

Сител сторија - Пред 15 години Јована се бореше за живот, денес е здрава и среќна тинејџерка.

– Има само 16 месеци, а се бори за живот. Малата Јована од Штип се родила со двоен хранопроводник и мора итно да биде оперирана во Бремен, Германија…

-16- месечната Јована полета за Бремен со голема надеж дека ќе биде спасена…

Малата Јована се разбуди по тешката операција и успешно закрепнува…

Таа е добро, напредува, рече докторката која ја оперираше Јована.

– Жива и здрава малата Јована се врати дома.

15 години подоцна Јована е здрава и среќна тинејџерка. Со семејството живее во Германија, сега има 16.5 години. Се дружи со врсниците, излегува, се забавува, а има и дечко.

– Сега сум во средно школо, имам друштво, големо друштво. Учам за забен техничар. Имам контакти со друштвото и од Македонија, се гледаме кога доаѓам на летниот распуст и се дружиме, ни раскажа Јована Колевска.

Јована сама дознала дека била во критична здравствена состојба како бебе.

– Го гуглав моето име и видов слики од вашата телевизија, го прашав татко ми што се случувало и тој се ми објасни, рече Јована.

Таткото Сашко и мајката Маја до детали се сеќаваат на летото 2009 година. Месец дена траеле испитувањата на нивното дете на скопските Клиники, а на семејството најтешко им било кога докторите ги информирале дека во Македонија биле исцрпени сите можности за лекување на Јована.

– Тоа беа зборови кои ден денес ми звонат во главата и никогаш нема да можам да ги заборавам, затоа што навестуваа тешка борба со непознат непријател кој не ви остава време за реакција и сака да ви го одземе детето, ни изјави Сашко Колевски, татко на Јована.

Семејството не сакало да прифати дека е дојден крајот, стапиле во контакт со болницата во Бремен каде се согласиле да ја оперираат Јована, но проблем бил транспортот. Детето не било во можност да патува со комерцијален лет, туку само со медицински авион поради новонастанат проблем – инфекција на белите дробови како последица на долгото лекување во Скопје.

– Во таа агонија дојдов до идеја, а тоа беше нешто што последно ми остана да побараме помош преку вас Сител телевизија со што би ја запознале јавноста, а пред се властите со проблемот, се сеќава Сашко.

Ден по објавената сторија на Сител, Владата обезбеди специјален медицински авион и Јована замина на итна операција. Интервенцијата била комплицирана и траела околу 9 часа. Неколку дена дишела со помош на апарати. Во болницата останале една недела. Од ден на ден детето добро закрепнувало, но морале да бидат таму за редовни контроли уште 40 дена. Голема подршка добиле од нашинци кои живеат во Германија.

– Токму преку вас Сител телевизија успеавме да ја запознаеме власта, целокупната македонска јавност, а и пошироко во дијаспората, па овде ќе кажам дека и фамилијата Николовски од Охрид, која живее во Бремен и која ни ја даде целокупната подршка од почеток кога пристигнавме таму па се до крајот во смисла на сместување и се останато, а за сето тоа дознале преку вас Сител телевизија за ситуацијата и нашето пристигнување во Бремен. Не згрижија во нивната куќа. Останавме таму 40 дена, беше направено испитувањето, беше констатирана ситуацијата дека е се во ред и така среќно се вративме назад, се сеќава таткото Сашко.

Во 2018 – та повторно се враќаат да живеат и работат во Германија, а една од причините покрај финансиите е и успешното лекување на Јована, која сака да биде забен техничар.

– Приказната за малата Јована е само една од многуте објавени приказни изминатите години со среќен крај. Сител телевизија е секогаш на страната на граѓаните, да алармира за нивните проблеми и да бара решенија од институциите.

Премиерно првата епизода од поткастот "НА КАДЕ ОДИМЕ"

Чест ни е да ја најавиме првата епизода од подкастот "НА КАДЕ ОДИМЕ" – нова платформа за инспиративни разговори со успешни луѓе од нашето опкружување! 🎙️✨

Во оваа прва епизода, со задоволство ви го претставуваме Дејан Маџоски, директор за човечки ресурси во НЛБ Банка. Ќе разговараме за неговото професионално патување, но и за актуелни економски теми како што се инфлацијата и нејзиното влијание врз пазарот на трудот. Ќе слушнете споредби помеѓу различни банкарски системи, како и увид во тоа како финансиските институции се справуваат со економските предизвици.

Доколку барате инспирација, мотивација и вредни совети, тогаш "НА КАДЕ ОДИМЕ" е вистинското место за вас! Ова не е само подкаст – ова е простор за учење, споделување и охрабрување да направите чекор кон вашите соништа.

Останете со нас – ова е само почеток!
Следете нè и подгответе се за уште многу инспиративни приказни од водечките професионалци!


Целиот поткаст можете да го погледнете и на нашиот канал на Spotify - "НА КАДЕ ОДИМЕ"

Прегазен пешак на пешачки кај Сити Мол!

На пешачкиот премин пред Скопје Сити Мол беше прегазена девојка. Припадници на полицијата дојдоа веднаш на местото на настанот, а по петнаесетина минути дојде и екипа на брза помош која ја однесе повредената.

Девојката беше во свесна состојба, но се движеше со потешкотии.

Возачот кој ја удри девојката застана со возилото и понуди помош на повредената.

Девојката поминуваше на пешачкиот од Карпош 4 кон Сити Мол, при што во втората лента ја удри возило марка мерцедес.

Сообраќајната незгода се случи  петнаесетина минути пред 16 часот

За повеќе детали очекуваме извештај од мвр.

Вработување во Fashion Group, b watch, АМСМ!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, аудио видео и белата техника, кој на македонскиот пазар е присутен 30 години. СЕТЕК сé од техника ја поседува најголемата дистрибутивна мрежа во Македонија која ја сочинуваат повеќе од 500 активни партнерски фирми – соработници и кооператори.

Моментално вработува:

ФИНАНСИСКИ АДМИНИСТРАТОР ЗА РАБОТА СО ФИЗИЧКИ ЛИЦА
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО ОХРИД

РЕФЕРЕНТИ ЗА ПРОДАЖБА ВО БИТОЛА
РЕФЕРЕФТ ЗА ПРОДАЖБА ВО СТРУМИЦА

Во b watch 1920 нашата мисија е задоволување на барањата и потребите на купувачите во Македонија, бидејќи сме најценет и добро познат бренд за продажба и дистрибуција на часовници и накит.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА ОНЛАЈН НАРАЧКИ
AСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА - СКОПЈЕ

Fashion Group повеќе од 20 години важи за најголема малопродажна модна групација во земјава, а во нејзиното портфолио ќе најдете некои од најголемите светски реномирани брендови како Hugo Boss, Diesel, Guess, Bitsiani, Mango, Springfield, Okaidi, Superdry, Timberland и други.

Моментално вработува:

АСИСТЕНТИ ЗА ПРОДАЖБА

Кромберг и Шуберт се фокусира на развој и производство на комплексни системи за ожичување за автомобилската индустрија.

Моментално вработува:

SPECIALIST ANALYSIS AND PREVENTION - INTERN
ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО - БИТОЛА
ТЕХНИЧАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ТЕСТ ТАБЛИ

ДОСТАВУВАЧ НА МАТЕРИЈАЛИ НА ПРОЗИВОДНА ЛИНИЈА
CUSTOMS OFFICER

ВДЛ Ван Хоол Македонија е дел од холандската Групација ВДЛ. Компанијата дојде во земјава во 2012 година кога ја изгради и фабриката во Технолошко индустриската развојна зона Скопје2 во Бунарџик, со што ја врати традицијата на автобуската индустрија во земјата.

Сите огласи од Ван Хоол Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа.

Сите огласи од А1 Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Основан 1945 годината, постоењето и развојот на АМСМ, го обележаа низа структурални и организациони промени, некои како резултат на времето, а пак некои како одговор на потребата да се биде и да се остане поблиску до постарите, но и новите генерации.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО АМСМ ПЕТРОЛ - ЧАИР

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Популарно