Полицијата пронајде цел арсенал оружје во Арачиново

Рано утринава полицијата пронајде оружје скриено во објект во околината на Арачиново. Според неофицијални информации запленети се 11 парчиња автоматско оружје, а се проверува поврзаноста со криминалната група од Арачиново чии членови беа приведени неделава. Се проверуваат и траги од ДНК и отпечатоци.

Акцијата продолжува и денеска. Единици на МВР се со засилено присуство на повеќе локации во земјата.

По акцијата на МВР, јавен обвинител пред два дена донесе наредба за спроведување истражна постапка против 18 лица членови на бандата Беланоца – Барон, за кои, како што информираа од ЈОРСМ, постои основано сомневање дека 14 лица како нарачатели, помагачи или директни извршители, сториле кривични дела убиство, од кои 12 лица се осомничени и за кривично дело злосторничко здружување, додека петмина и за кривично дело тешки дела против општата сигурност.

Другите четири лица се товарат за кривично дело изнуда.

Поради загадениот воздух годишно умираат по 2800 граѓани на Македонија

Директорот на Светска банка за Косово и Македонија, Масимилијано Паолучи, на конференција во Скопје за квалитетот на воздухот истакна дека граѓаните на Скопје и Тетово се изложени на значително повисоки нивоа на токсични честички (PM2.5), во споредба со лица од Западна Европа.

Тој посочи и дека загадениот воздух годишно убива околу 2.800 жители во Македонија, како и дека покрај напредокот од 1990-те, загадувањето на воздухот е сѐ уште високо, особено во зимските месеци.

Според првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, кој се обрати на конференцијата, првиот фактор е тоа што домаќинствата и индустријата сѐ уште користат неквалитетно дрво и други извори за греење, посебно во зимската сезона.

Тој на 16 декември ја претстави новата Планска програма за почист воздух 2024-2030 и рече дека целта на програмата е долгорочно и среднорочно решавање на проблемот со загадувањето на воздухот во Македонија.

Даме Димитровски, професор на Машинскиот факултет-Скопје, појасни дека програмата е направена врз база на долгорочни истражувања и најави строги инспекциски контроли на индустриските капацитети.

„Емисиите ќе бидат јавни и сите ќе бидеме сигурни дека тоа што се емитува е сигурно на европски ранг. Како што во 1963 формиравме силни научни институции, кога имавме проблем со земјотресот, сега сакаме да ги поддржиме научните институции да се бават со истражување за чистење на воздухот или за не загадување на воздухот и таква програма сме предвиделе“, додаде Димитровски.

Министерот Меџити порача дека инспекторите се веќе на терен, но и дека треба да се зголеми нивниот број за да може да се опфати целата држава.

„Белград на вода и Скопје без вода“ – најавениот прекин ги испразни полиците во маркетите

По најавата од страна на „Водовод и канализација“ дека од петок вечер до сабота ќе биде затворен главниот градски цевковод, граѓаните во Скопје масовно прават залихи на вода, а полиците во маркетите веќе се празни.

Во разговор со вработена во еден од локалните маркети, таа открива дека по објавената информација за санирање на дефектот и прекинот на водоснабдувањето, граѓаните брзаат да купат дополнителни залихи за да не бидат оставени без вода текот на викендот.

„Во ред е да се санира дефектот, но многумина сметаат дека не е во ред да не се даде конкретен период кога ќе биде нормализирано водоснабдувањето“, велат граѓаните од населбите кои се најпогодени од прекинот. Тие додаваат дека оваа ситуација ги става во непријатна позиција, со зголемени трошоци за купување вода, а особено што се случува во викенд кога многу семејства се дома.

Тема која деновиве ги запали социјалните мрежи, твитерџиите пишуваат на оваа тема.

„Скопје без вода, а цената на еден квадрат е 3500 евра“, пишуваат корисниците, додека други го споредуваат Скопје со Белград: „Белград има ‘Белград на вода’, а ние имаме ‘Скопје без вода’“.

Извор: Скопјеинфо.мк

Скопјани масовно ги празнат полиците со овој продукт

Трговците велат дека од средата вечерта до четвртокот продале пакувана вода како за цел месец. Едно балонче од 6 литри се продава од 50 до 60 денари, а помалите пакувања од 12 парчиња или оние од 1,5 литри се бараат дури и во трафиките. Дел од граѓаните грабаат и газирани води за не дај Боже.

Освен што ги полнат кадите, а во функција ги ставаат и сите расположливи кофи, вангли и шишиња, Скопјани нагрнаа по дуќаните за навреме да се снабдат со вода за пиење. Паниката предизвикана од веста за големиот дефект и неговата подолготрајна санација ги натера да купуваат по неколку балони негазирана вода. Трговците велат дека од средата вечерта до четвртокот продале пакувана вода како за цел месец.

Едно балонче од 6 литри се продава од 50 до 60 денари, а помалите пакувања од 12 парчиња или оние од 1,5 литри се бараат дури и во трафиките. Дел од граѓаните грабаат и газирани води за не дај Боже. Државниот завод за статистика, не води евиденција за потрошувачката на пакувана вода за пиење, но лани едно домаќинство потрошило 70,8 литри минерална вода. Слична потрошувачка на пакувана вода се случи на крајот на септември и во Струмица, откако тамошниот ЈПКД „Комуналец“ ги извести жителите на овој град дека водата од водоводната мрежа не е безбедна за пиење.

Ова известување предизвика паника меѓу граѓаните, кои веднаш почнаа масовно да ја купуваат флашираната вода од маркетите. За кратко време, рафтовите во најголемиот дел од продавниците беа испразнети. Според информации од неколку продавници, побарувачката била голема.

Популарно