Скопјани масовно ги празнат полиците со овој продукт

Трговците велат дека од средата вечерта до четвртокот продале пакувана вода како за цел месец. Едно балонче од 6 литри се продава од 50 до 60 денари, а помалите пакувања од 12 парчиња или оние од 1,5 литри се бараат дури и во трафиките. Дел од граѓаните грабаат и газирани води за не дај Боже.

Освен што ги полнат кадите, а во функција ги ставаат и сите расположливи кофи, вангли и шишиња, Скопјани нагрнаа по дуќаните за навреме да се снабдат со вода за пиење. Паниката предизвикана од веста за големиот дефект и неговата подолготрајна санација ги натера да купуваат по неколку балони негазирана вода. Трговците велат дека од средата вечерта до четвртокот продале пакувана вода како за цел месец.

Едно балонче од 6 литри се продава од 50 до 60 денари, а помалите пакувања од 12 парчиња или оние од 1,5 литри се бараат дури и во трафиките. Дел од граѓаните грабаат и газирани води за не дај Боже. Државниот завод за статистика, не води евиденција за потрошувачката на пакувана вода за пиење, но лани едно домаќинство потрошило 70,8 литри минерална вода. Слична потрошувачка на пакувана вода се случи на крајот на септември и во Струмица, откако тамошниот ЈПКД „Комуналец“ ги извести жителите на овој град дека водата од водоводната мрежа не е безбедна за пиење.

Ова известување предизвика паника меѓу граѓаните, кои веднаш почнаа масовно да ја купуваат флашираната вода од маркетите. За кратко време, рафтовите во најголемиот дел од продавниците беа испразнети. Според информации од неколку продавници, побарувачката била голема.

Над 100 пакувања кокаин и хероин пронајдени кај млад скопјанец

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишен скопјанец поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 16 декември полициски службеници на улицата „Архимедова“ во Скопје запреле за преглед автомобил во кој се превезувал осомничениот, па во тој момент кај него нашле над 100 различни полиетиленски пакувања наркотична дрога кокаин со вкупна количина од 161,29 грама, како и уште 25 пакувања хероин со вкупна количина од 44,01 грама. Му била запленета и дигитална вага со остатоци од кокаин и хероин, пет мобилни телефони и парични средства за кои постои сомнение дека потекнуваат од илегална продажба на дрога.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. 

МВР ги објави меѓународните потерници за Артан Груби и Перпарим Бајрами

Министерството за внатрешни работи денес ги објави меѓународните потерници за Артан Груби и Перпарим Бајрами.

И двајцата поранешни функционери се бараат за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в. ст.1 в.в. чл.22.од КЗ на РСМ.

Ваквата објава на МВР доаѓа по вчерашната наредба на ОЈО Скопје за распишување меѓународна потерница.

Кривичниот суд го прифатил барањето на Јавното обвинителство за определување на мерка притвор на двајцата осомничени во случајот со Државната лотарија, поранешниот вицепремиер Артан Груби и ексдиректорот на Државна лотарија Прпарим Бајрами, кои се надвор од државата.

„Мерката ќе се спроведе во моментот кога осомничените ќе бидат достапни на органите на прогонот или доколку во меѓувреме самите се пријават во Судот“, информираат од Кривичниот суд.

Судот одлуката ја донесе врз основа на предлогот на Обвинителството, кое оцени дека постои основан ризик од бегство на осомничените или од нивно влијание врз текот на истрагата.

Популарно