Реализацијата на еден од крупните проекти на Градот Скопје, Панорамското тркало, кое ќе биде високо 60 метри, влегува во завршна фаза, а од Градот информираат дека во моментов интензивно се работи на изведбеното решение на овој проект.

- За проектот Панорамско тркало, во моментов, се изработува изведбено решение. По изработката на изведбениот проект ќе се пристапи кон разработување на сите релевантни модалитети за реализација на проектот, објаснуваат од Градот Скопје
Според проектот Панорамското тркало со придружни елементи ќе биде високо 60 метри, а ќе се гради на мост на реката Вардар во делот помеѓу Музејот на ВМРО и Стариот театар. Идејното решение предвидува целосно уредување на простор, кафе-бар, историски вагони од кој посетителите ќе имаат поглед на целиот на градот од 60 метри, поточно комплетниот изглед на тркалото како што тогаш објасни австриската компанија на својата интернет страница е инспириран од историските симболи за Македонија.