Т-мобиле и Македонски Телеком стануваат една компанија

Сестринските компании „Македонски Телеком“ и „Т-мобиле Македонија“, двете сопственост на унгарската „Маѓар Телеком“, одлучила да станат една компанија со тоа што „Т-мобиле“ ќе се присоедини кон „Македонските Телеком“ и ќе ги прекини своите деловни активности.

telekom

„Одборите на директори на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија донесоа одлуки за одобрување на склучување на спогодба за присоединување на Т-Мобиле Македонија кон Македонски Телеком со датум на престанок на деловните активности на Т-Мобиле Македонија заклучно со 31-ви декември оваа година“, соопштија утрово од двете компании.

Оттаму додаваат дека спогодбата ќе биде доставена за предбележување во Трговскиот регистар кој што го води Централниот регистар и сите известувања ќе бидат објавени во согласност со законите.

Потврдат за одлуката на директорите на компании треба да биде дадена и на Собранијата на двете Друштва.

Спојувањето на „Телеком“ и „Т-мобиле“ беше најавено уште во септември 2009 година. Тогаш директорите на двете компании образложија дека се одлучуваат на ваков чекор со цел поефикасно работење.

„Ќе се врши анализа на можните решенија како да се подобри работата и да се одговори на барањата на пазарот. Треба да видиме што ќе биде најдобро, функционално реорганизирање на фирмите, а можеби и одлука за интегрирање во една фирма“, рече во септември 2009-та директорот на „Т-мобиле“, Жарко Луковски.

Конечната одлука за тоа дали да се почне со процесот на интеграција во една фирма беше донесена на крајот на 2009-та година.

Коментари

Популарно