Поглаварот на Исламската верска заедница му посакува смрт на припелскиот градоначалник, Марјан Ристевски. Сулејман Реџепи на својот фејсбук профил постави слика до прилепската чарши џамија со коментар во кој потенцира дека сите кои учествуавле во нејзиното палење во 2001 се мртви, а следен и последен кој требало да го стаса казната алахова е градоначалникот Ристевски.

Почитувани браќа муслимани ова е чаршиската џамија во Прилеп која во 2001 ја запали една група од 30 луѓе и сите беа осудени со смрта казна од Алах. Сите тие се ликвидираа меѓу себе, а пред некое време 4 лица животот го загубија цо сообраќајна несреќа, претпоследниот вчера го загуби животот со мотор. Последниот од нив е Марјан Рис Такси, кој ќе се соочи со големата казна на Алах, напиша на својот фејзбук профил, Сулејман Реџепи, Поглавар на ИВЗ.
Денеска во кабинетот на реисот никој несакаше да ја коментира неговата изјава, ниту пак да потврди или демантира дали овој профил лично го администрира самиот поглавар.
Без коментар е и прилепскиот градоначалник.
Верските аналитичари, пак препознаваат обид да се минира процесот на возобнување на чарши џамијата.
Во изјавата на Реџепи има класичен говор на омраза и ширење врска нетолеранција, велат социолозите. Посочувата дека оваа изјава треба да биде предмет со кој итно треба да се позанимава и јавното обвинитлество.
Извор: sitel.com.mk