Заев:СДСМ бара да се одржат нови избори!

СДСМ и здружената опозиција не го признаваат изборниот процес ниту за парламентарни избори ниту за претседател на државата. Власта со Груевски покажа дека нема елементарна волја да спроведе демократски избори, рече лидерот на партијата Зоран Заев, најавувајќи дека партијата ќе бара нови избори, спроведени од техничка влада.

Според Заев, ВМРО-ДПМНЕ денеска го злоуптребила системот за партиски потреби.

zaev

-Бевме сведоци на поткуп на гласови и бројни нерегуларности, рече попладнево Заев. Полицијата, како што рече, беше ставена во функција на власта и во неколку општини специјалните единици на МВР ги чуваа изборите.

СДСМ обвинува дека избирачките места денеска биле преплавени со граѓани од Пустец.

-Исти луѓе гласа и во Тирана и во Македонија, обвини Заев на денешната прес-конференција одржана по затворањето на избирачките места.

Заев најави дека СДСМ утре ќе одлучува што понатаму.

-Сите варијанти се во игра. Утре ќе донесеме одлука што понатаму, рече Заев.

Лазаров ги избра конечните 16 за тешкиот дуел со Фарски Острови

Македонија вечерва ќе го одигра првиот натпревар од баражот за пласман на следното Светско првенство. Нашите најдобри ракометари гостуваат кај незгодните Фарани, а селекторот Кирил Лазаров го одреди составот со кој вечерва ќе се спротистави на Фарски Острови.

Лазаров избра 16 ракометари, меѓу кои се најдоа кружниот напаѓач на Вардар, Михаил Алваров, а деби ќе има и младиот  Дамјан Митев. Се разбира, тука се и искусните Кузмановски, Талески, Митревски, Пешевски,  а на трибините ќе останат Марко Стојковиќ, Валентин Карасманакис, Марко Кизиќ, Џонов и Карапалевски.

Натпреварот се игра вечерва во 20:00.

(Видео) Ова се првите финалисти на 68-то издание на Евровизија

Вчера во Малме, Шведска, се одржа првата полуфинална вечер на 68-мото издание на Евровизија.

 На спектакуларната сцена настап имаа учесници од 15 земји, а 10 од нив влегоа во големото финале.

Србија, Хрватска, Словенија, Португалија, Украина, Кипар, Луксембург, Литванија, Ирска и Финска се земјите кои добија пласман за финалната вечер која ќе се одржи на 11 мај (сабота) во 21:00.

Погледнете ги  настапите 10-те финалисте од првата полуфинална вечер:

Србија

Кипар

Хрватска

Словенија

Португалија

Ирска

Украина

Луксембург

Литванија

Финска

Инстаграм со нова интересна опција за објавување фотографии

Инстаграм платформата воведува неколку нови функции за своите популарни Stories.

Најважна меѓу нив е функцијата „Откријте“ (Reveal), која им овозможува на корисниците да креираат скриени „приказни“ кои нивните следбеници ќе можат да ги откријат само доколку побараат дозвола од авторот преку приватна порака.

-За да креирате тајни приказни, треба да кликнете на иконата за налепници на горниот дел од апликацијата, да ја изберете функцијата „Откријте“ и да креирате „приказна“ на Инстаграм која ќе биде замаглена за сите корисници, пренесува Tech Crunch.

Компанијата верува дека новата функција ќе послужи како можност за почеток на разговор со пријателите на Инстаграм.

Во апликацијата е интегрирана и функцијата „Додај своја сопствена музика во приказни“, така што корисниците ќе можат да ги споделуваат и своите омилени песни.

Корисниците исто така ќе можат да додаваат рамки, па фотографиите додадени во „приказните“ ќе изгледаат како снимки од Полароид.

Популарно