Брзо селско месо

Денеска, ви го преставуваме брзото селско месо - побрза верзија на традиционалното селско месо, одлична ако се најават гости на ручек, а сакате да спремите супер јадење.

DSC01099-6c681f-800x600

Состојки

За ќофтиња

400гр. мелено месо (мешано)

1 главица кромид

1 чешне лук

1 лажичка сенф

2-3 лажици зејтин

по вкус сол, бибер и мајчина душичка

Останати состојки

400гр. свинско месо

2 поголеми главици кромид

2 моркова

400гр. свежи шампишони

1 лажица сенф

1 крем супа од печурки

900мл. вода

100мл. бело вино

по вкус зачини сол, бибер, ловоров лист, мешан зачин

Подготовка

1. Опционално свинското месо може да го исечете на парчиња, да го зачините со сенф, сол, бибер и зачини по желба и да го оставите од вечер за наредниот ден, а може и веднаш да се подготвува.

2. Сите наведени состојки, освен меленото месо ставете ги во блендер и убаво испасирајте ги да се добие кашеста смеса, па додадете ги во меленото месо и убаво измесете да се изедначи. Од така добиената смеса направете ќофтиња.

3. Главиците кромид исечете ги на половина, па секоја половина на резанки со дебелина 2-3мм. Земјената тава (или садот во кој ќе печете) намрсета ја малку, па резанките кромид наредете ги на дното. Врз кромидот распоредете ги парчињата месо и ќофтињата. Морковот исечкајте го на крукчиња, а печурките на половина па распоредете ги врз месото.

4. Во тенџере на оган ставете ја водата да се загрее. Во друг сад на страна ставете го виното и во него растворете ја супата од печурки, па кога водата ќе зоврие додадете ја, промешајте и само почекајте повторно да зоврие па исклучете. Целата супа претурете ја во тавата, поклопете и ставете во загреана рерна на 180С да се пече околу 1 час. 15мин. пред крај отворете ја тавата и печете така. Оставете малку да се излади па послужете со пире, печени компири или самостојно.

Количината на вода и вино е по избор, може да ставите и повеќе вино ако сакате, но отприлика да биде до 1 литар.

ФОТО: Вака изгледаше Гоца Тржан на почетокот на кариерата

Гоца Тржан кариерата ја почна пред повеќе од дваесет години како дел од популарната група „Тап 011“, која „жареше и палеше“ низ дискотеките и клубовите во 1990-тите години. Нејзината колешка Ивана Петерс сподели фотографија од почетоците на групата, на која Гоца ја гледаме со црна коса

Убава е младоста“, искоментира Ивана во коментар на фотографијата што ја објави на својот инстаграм-профил.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Ivana (@ivanapeters) on

Аркан лудувал за оваа пејачка пред Цеца

За бракот на Аркан и Цеца сеуште се пишува иако тој со години е починат. Постојат многу исповеди и приказни, а една приказна за Аркан е дека тој првата сопруга пред Цеца сакал да ја остави за Дорис Драгоевиќ.

Наводно Аркан бил во врска со неа, се фалел дека е одлична во кревет, а таа била лудо заљубена во него.  Тој сакал развод поради неа од сопругата Наталија.

Сите контакти ги прекинале кога бил уапсен.

Потоа ја запознал Цеца и се оженил за неа, а Дорис веќе била мажена.

Лепа Брена призна дека била кај Баба Ванѓа и откри што ѝ кажала

Денес е најголема балканска ѕвезда, а ваква иднина и судбина ѝ предвидела и Баба Ванѓа.

Лепа Брена своевремено ја посетила Баба Ванѓа, кај која одеа бројни јавни личности кои сето тоа го држеа во тајност.

-„Ќе се омажиш за човек во бело. Ќе живееш во складен брак, но само ако не избереш сопруг странец“. Прво што ми падна на памет дека тоа ќе биде доктор, бидејќи мојот татко беше медицински работник, па тоа некако ми дојде прво на памет. Бело одело, бела униформа, рекла Брена и додала:

„Не бев многу одушевена, бидејќи не можев да замислам да патувам по светот, а тој да работи во некоја болница. Подоцна сватив дека бел спорт е тенисот, има бела униформа. Мислев дека ќе налетам на некој доктор, аптекар или можеби фурнаџија, а се појави тенисер во бел комплет. Кога го сретнав Бобо, ми се бендиса неговата спонтаност и искреност”.

Популарно