Атмосферата пред четврт финалниот дуел на Светското првенство помеѓу Бразил и Колумбија се вжештува, па навивачите на двете репрезентации почнаа да ги одмеруваат силите надвор од теренот.
Вечерта пред натпреварот навивачите на овие селекции се степале во еден ресторан, каде покрај неколку јавни личности од колумбиската сцена, бил и претседателот на таа земја Мартин Сантос. На крајот, навивачите на Колумбија се избркани од ресторанот, а на лице местото на судирот набрзо пристигнале и органите на јавен ред и мир.