Детали од ужасот во Аеродром - еве како се одиграла трагичната драма и кој е убиецот

МВР изнесе детали од двојното убиство и самоубиство кое утрово ги потресе жителите на скопската населба Аеродром.

Триесетишест годишниот боксер Игор С. е убиецот на двете сестри во Аеродром. Тој меѓу пријателите е познат под надимакот Боксач.

bokser

- Според првичните сознанија и информации кои ги имаме од разговорите со соседите убиецот по 11 часот утринава дошол во станот на Наташа каде на врата ја затекнал нејзината сестра Билјана и и се заканил да не заминува. Тој ја натерал да се врати во станот. По кратка расправија пукал во двете жртви по што си го одзема животот, изјави портпаролот на МВР, Иво Котевски.

- Не заминувај, врати се назад - им рекол Игор на сестрите пред да пука во нив

двојно-убиство-и-самоубиство-во-Аеродром-1

Убиецот се познавал со Наташа, која во станот живеела со двете малолетни деца, но тој не и бил сопруг и не е татко на децата. Убиствата се извршени со пиштол кој најверојатно убиецот го поседувал со дозвола. Убиецот и е познат на полицијата по тоа што во 2004 година против него била поднесена кривична пријава за загрозување на сигурноста со опасно орудие при тепачка. Полицијата најави дека истрагата продолжува до целосно расчистување на случајот.

(фото:телеграф.мк,република)

78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка

Вчера во 11.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово - с.Јажинце, на влез за тетовско Теарце, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“, управувано од Ш.Џ.(74) од тетовско Шемшово и  патничко возило „фолксваген голф“, управувано од А.Р.(78) од тетовско Пршовце, двете со тетовски регистарски ознаки.

Во несреќата, А.Р. се здобил со тешки телесни повреди, додека Ш.Џ. се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово, соопштува МВР.

Почина таткото на Тоше, Никола Проески

По долго боледување, почина таткото на Тоше, Никола Проески.

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.

„Светол патот, татко мој“, напиша таа.

Музичарот Тоше Проески загина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска. 

Почина таткото на Тоше Проески

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше. Замина денес, на Велики четврток, после долго боледување.

Веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка, со зборовите:

-Светол патот, татко мој.

Родителите на Тоше, кој почина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска, Доминика и Никола, живееа повлечен живот по смртта на нивниот син и не се појавуваа во јавност.

Семејството Проески се уште нема објавено детали за последното испраќање на таткото на легендарниот музичар и хуманист Тоше.

Популарно