Пејачката деновиве доживеала непријатност при посетата на родната Битола. Имено додека Каролина седела на кафе со пријателите во едно ов битолките кафулиња, непознато лице кое живееле во зградата над летната тераса на кафулето фрлило петарда која експлодирала во кафето на Каролина. Освен што се преплашила, таа се извалкала по својата бела облека.
“Среќа е да седиш лабаво во Јагода и од горе од зградата некоја будала да фрли петарда која паѓа баш во твојата чаша.”, напиша потоа Каролина на Фејсбук.
“Кој ме колнел петарда во орбит да си најде… А на некој и на фармерки да му ја залепат или уште полошо на јакна. Ова последново за сеирот поради мојот претрпен страв :)”, напиша Каролина како свој статус.