Што работеле македонските ѕвезди пред да станат славни?

Дел од нашите познати личности поминале низ различни професии. Некои од нив работеле како таксисти, шанкери, келнери, во кабинет кај премиерот и слично.

goko tanevski, scena devojki

Ѓоко Таневски работел неколку работи пред да ѝ стане познат на домашната јавност.

- Пред приближно 15 години работев сè и сешто. Се пробав и како келнер, работев и како шанкер, но возев и такси. Се снајдов во сите професии што ги имам работено пред многу години. И денеска да морам да го работам тоа, повторно би се вратил на истите професии – вели Таневски.

panco-11

Аренби-артистот Панчо Шорти вели дека не се срами од ниту една работа. Тој од свои 16 години заработувал за џепарлак.

- Сум работел повеќе работи пред активно да почнам да се занимавам со тоа што денес ми е примарна работа. Работев како менаџер на јуниор-забави и од секоја заработував по 1.500 до 2.000 денари на ден, но тоа и не го сметам за некоја посебна работа, туку како работа која помага за социјализирање и ширење на познанствата. Од 19 до 21 година работев како келнер и шанкер и, верувале или не, тоа ми беше една од најомилените работи. Работа во која има комуникација со луѓе отсекогаш ме правела среќен. Исто така, имам работено и во хотел како рецепционер, и тоа ми беше можеби една од најтешките работи затоа што се чувствував како птица затворена во кафез, но за егзистенција мора сè да се трпи. По таа работа повторно се вратив во угостителството, за по една година да отворам бутик за хип-хоп гардероба – раскажува Панчо.

Од 2008 до денес Панчо е активен во музичките води, како член на дуото ДНК.

И другата половина од групата ДНК, Андреј. Пејачот работел како келнер.

- Во 2005 година една сезона работев како келнер на познатата плажа „Сани“ во Грција, а исто така работев и во продукцијата „К-15“ – беше кус во изјавата Андреј.

AN

Фолкерката Анета Наковска е можеби една од естрадните личности што има сменето најмногу професии пред да стане јавна личност.

Aneta1

- Прва работа ми беше во агенција за недвижности, за подоцна да работам во фирмата на моите родители, потоа се пробав и во книговодството, па работев на шанк во кафеана која беше сопственост на моите родители. Подоцна работев и во еден мобилен оператор, прво во правна служба, па во продажен салон, а најдолго се задржав во инфо-центарот. Јас сум за тоа дека човекот треба секогаш чесно да работи. Како што велат возрасните – бадијала работи, бадијала не седи, е и мене ми е тоа мото. Не можам да се замислам да бидам товар на нечиј грб во животот. И на пазар да работам, не би се срамела од тоа – вели Наковска.

Целата статија прочитајте ја на Телеграф.мк

(Фото) Таировиќ само што ја откри врската со телохранителот, а веќе блесна и во луксузна венчаница покрај него

Теа Таировиќ долго време го држеше подалеку од очите на јавноста, иако веќе некое време се во емотивна врска. Тој ѝ го чува грбот и ја следи во чекор затоа што, меѓу другото, тоа му е работа уште од почетокот на нивното запознавање.

Имено, популарната пејачка конечно е среќна во љубовта, а нејзиниот партнер ѝ приреди прекрасно изненадување во пресрет на нејзиниот 28 роденден. Кршниот момок, непознат за јавноста, ѝ подготви балони, конфети и торта со нејзиниот лик, како и цвеќиња. Теа беше доведена до солзи од ова изненадување.

Фотографиите од вљубените гулапчиња можете да ги погледнете кликнувајќи ТУКА.

Но тоа не е сѐ! На социјалните мрежи се појави нова снимка од пејачката и телохранителот, која привлече големо внимание во јавноста.

Теа на фотографијата носи венчаница, поради која многумина помислуваат само за едно – дека венчавката е на видик. Како што пишуваат српските медиуми, станува збор за снимка од спотот за песна од новиот албум на Теа, а нејзиниот нов партнер, кој го гледаме на фотографијата покрај неа, очигледно ѝ е голем поддржувач во сѐ.

Погледнете:

(Видео) Мајката на Северина со моќна порака го честиташе роденденот на пејачката

Северина Вучковиќ го прослави својот 52-ри роденден, а потоа објави емотивно видео од семејството и пријателите.

Северина на Инстаграм покажа колку за неа е значајна поддршката од најблиските.

Една од најемотивните честитки во видеото кое го објави е онаа од мајката на Северина, Ана, која особено ги трогна нејзините фанови.

„Драга моја ќерко, ти посакувам се најдобро во животот, за твојот 52 роденден и да продолжиме да живееме вака и ти благодарам за се што правиш за твојата мајка. А ти треба да бидеш најсреќната мајка на светот“, рече нејзината мајка барајќи совет и помош од оние кои ја снимиле.

Емотивното видео погледнете го во продолжение:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Severina (@severina)

Аца Лукас: „На венчавката ја изневерив бремената сопруга – после тоа таа со насмевка ѝ честиташе на мојата жена“

Во книгата „Ова сум јас“, Аца Лукас, меѓу другото, го опиша и својот прв брак. Светлана била првата голема љубов на пејачот, со која основал семејство.

“Цеца цветаше од среќа. Тоа лето во 1991 година отидовме на море. Тоа беше крајот на моето ергенство. Барем така мислев тогаш. Свадбата беше на сплавот “Лукас”. Имаше 200 сватови, моите пријатели свиреа, а јас повремено го земав микрофонот“.

„Денот почна по свадбениот протокол, кој прилично го намалив. Со пријател отидов да си ја пробам среќата на покер апаратите на свечениот ден. Кога се вратив дома, хармоникашот веќе на големо ги веселеше гостите. Пред зградата имаше трубачи, а со нив пееше и мајката на Светлана. Цеца беше во благословена состојба и само се смешкаше“.

“Не се сеќавам на многу детали од свадбата. Знам само дека од некаде се појави една моја бивша девојка од средно и дека се бакнувавме во тоалетот. Жените се чудо. Откако се љубеше со мене, таа и честиташе на мојата сопруга со насмевка за влегување во брачните води“.

„Денес само сфаќам колку кретен бев кон мојата прва сопруга, мојата прва, вистинска љубов. Вистински кретен! Умислував дека мојата сопруга не ме заслужува, дека сум нешто над неа. Таа страдаше. Сега знам дека во тоа време беше жена за мене, тивка придружничка на мојот подем, прекрасна мајка, обожавателка на моите родители.

Популарно