Исповед: Девет дена молев за абортус зошто плодот ќе експлодираше во мене!

Триесетишестгодишна скопјанка, во август годинава, наместо да ја подготвува новата детска соба за приновата, таа завршува на Клиниката за гинекологија како итен случај. Во седмиот месец од бременоста било утврдено дека таа носи плод со малформации – органите на плодот биле потиснати, а белите дробови и желудникот полни со вода. Таа морала итно да изврши абортус, бидејќи здравјето ѝ било во опасност, пишува Призма.

pain-in-pregnancy

Да се сретнете и да разговарате со жена која поминала низ сите процедури што ги предвидуваат измените во Законот за прекин на бременоста и која поминала низ толку трауми, навистина не е лесно.

Во овој текст ќе ја наречеме Марија, за да ја заштиме нејзината приватност - доволно беше што таа се охрабри да ни раскаже еден интимен дел од нејзиниот живот за да ни илустрира дека долгите процедури додека да се изврши абортус не се така едноставни како што се сака да се прикаже во јавноста.

Оваа жена ја посакувала втората бременост. Сакала братче или сестричка за нејзината тригодишна ќерка. Не ни претпоставувала со што ќе се судри во седмиот месец од бременоста, а уште помалку претпоставувала низ какви сè процедури треба да помине додека да ѝ биде извршен абортус.

Марија беше една од ретките што се согласи да говори за нејзиното патешествие – од моментот кога дознала дека бременоста мора итно да биде прекината, таа се судира со безброј процедури, чекање и одење по клиники и молби да биде отстранет плодот кој претставувал сериозна опасност по нејзиното здравје.

Наместо да се радува на доаѓањето на новиот член на семејството, за еден ден, нејзиниот живот се менува – таа почнува да стравува за нејзиниот живот, откако цели девет дена морала да трча по институциите за да ги заврши сите процедури потребни за да се отстрани плодот.

Девет дена како девет години

Со Марија се сретнавме во кафуле во Старата чаршија. Делуваше смирено, како длабоко во себе да го закопала она што ѝ се случувало деветте дена низ македонските болнички установи.

„Требаше да дојде и сопругот на ова интервју“, ни рече. „Тој подобро памети што точно се случуваше, јас бев во бунило “, ни вели таа.

Патешествието што го поминала низ клиниките додека да добие согласност за да абортира Марија ни ги раскажуваше час и половина.

„Не знам дали ќе сменам нешто со ова, но сакам јавноста да знае. Јас во себе носев темпирана бомба, плод кој може да експлодира во секој момент, а бев принудена да трчам по комисии за да добијам согласност за прекин на бременоста“, раскажува таа низ солзи.

Целата статија прочитајте на ја на Призма.

МАКЕДОНСКИOT КРЕМ – ДЕ ЛА КРЕМ НА КОНЦЕРТЕН ПРЕДНОВОГОДИШЕН СПЕКТАКЛ СО ЕДЕН НЕЗАБОРАВЕН КОНЦЕРТ...

Нашите македонски музички ѕвезди Сузана Гавазова, Наум Петрески, Миле Кузмановски и Благоја Грујовски најавуваат музички предновогодишен спектакл каков што до сега немаме видено. Тие од оваа година, па секоја наредна започнуваат традиција која ќе се памети.

Серија концерти кои ќе бидат предновогодишна традиција за сите љубители на добрата македонска песна. Концертот е закажан за 25 декември со почеток во 20.00 часот во специјално подготвен амбиент во СЦ Јане Сандански.

- Време е за нешто поинакво... Време е македонската музика да ја ставиме во прв план! На 25 декември во Јане Сандански нема да се случи обичен концерт, ќе се случи вечер за паметење, каде што ние изведувачите, придружувани од голем оркестар ќе бидеме едно со нашата публика.

Ќе приредиме традиционален македонски амбиент со високи и ниски маси, ќе се служи пијалак, ќе се мези, а се во духот на македонската кафеанска традиција. Време е да ги вратиме градските боеми – вели Наум Петрески во најава за самиот настан.

На овој спектакл се шушка дека ќе има и гости кои ќе бидат вистинско изненадување. Целиот проект ќе трае повеќе од 4 часа, а на истиот ќе бидат изведени најпрепознатливите рефрени на македонската музика.

- Огромна е возбудата. Се радувам што по многубројните концертни турнеи низ светот, јас и моите колеги конечно ќе се сретнеме со македонската публика, дома. Возбудата е уште поголема затоа што ова не е класичен концерт, туку боемска ноќ каква што Македонија и македонската музика заслужуваат – вели Сузана Гавазова

На 25 декември почнува новото поглавје на македонската музика. Со специјално креирано сценарио, технички можности и оркестар во живо, но и со ексклузивни гости кои ќе бидат дел од Македонската Кафеанска Вечер, салата на Спортскиот центар Јане Сандански ќе биде сведок на нова традиција која организаторите посакуваат да трае со години.

Билетите ќе бидат пуштени во продажба преку платформата www.wayin.mk, а многу наскоро се очекуваат и повеќе детали за настанот.

Промоција на книгата „Ткажалки“ од Александра Јуруковска во КИЦ – Белград

В понеделник (5 октомври) во 19 часот во македонскиот Културно- информативен центар во Белград ќе биде промовирана стихозбирката „Ткажалки“ од Александра Јуруковска, добитничка на наградата „Даница Ручигај“ на Друштвото на писателите на Македонија за 2025 година. Настанот е замислен како разговор со авторката,

а ќе го води новинарката Сребра Ѓорѓијевска. „Ткажалки“ е прва поетска книга на Александра Јуруковска, за која критиката ќе напише:  Веќе со својот поетски првенец, авторката успева да воспостави мост меѓу личното и универзалното, што претставува несомнен естетски квалитет. Од друга страна, нејзините песни не се само лирски обраќања до загубеното, туку се и женски отпор, сведоштво и внатрешна борба против заборавот. Оттаму и една мошне суптилна ангажирана нота вткаена во зборовите, но и во тишините на песните поместени во Ткажалки - подвлекува универзитетската професорка и критичарка Лидија Капушевска-Дракулевска.

Во одлуката на жири комисијата за минатогодишната награда „Даница Ручигај“ на ДПМ, беше потенцирано и дека поетскиот јазик во триесетината песни на „Ткажалки“ е сплетен претежно од зборови карактеристични за нашата современост, но и со зборови што произлегуваат од нашата јазична традиција, обојувајќи ги стиховите со своевидна патина.

На тој начин авторката внесува лична нота во современата македонска поезија. Александра Јуруковска е книжевна критичрка, новинарка и промоторка на културата. Автор е на книгите: Ткаење на текстот (новинска критика; Силсонс, 2014), Медиумскиот егзил на книжевноста (интермедијалната студија; Авант прес, 2018) и 2 минути и 40 реда (радио и новинска критика; ПНВ публикации, 2020). Објавува критика и есеистика во најзначајните домашни и регионални списанија за литература, култура и културолошки истражувања, како и на неколку специјализирани портали. Работи во Националната и универзтитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје, а на македонската културна и книжева сцена е присутна цели 25 години.

На 6 октомври Јуруковска и Ѓорѓијевска ќе учествуваат на панел за видливоста на културата во македонскиот и српскиот контекст што ќе го модерира директорот на КИЦ- Белград, Васко Шутаров. Проектот „Ткажалки“ во македонскиот КИЦ во Белград е поддржан од Министерството за култура и туризам како дел од меѓународната промоција на современото македонско литературно творештво, јазик и култура.

Јордан Митев по три години повторно на голема турнеја во Австралија

Сиднеј, Мелбурн, Камбера, Перт, Волонгонг…, практично Цела Австралија ќе ужива овој октомври во осумте спектакуларни концерти на нашата музичка ѕвезда Јордан Митев. Сите што добро го познаваат темпераментот на македонскиот автор и музичар не се сомневаа во одличните концерти, но она што малкумина го претпоставуваа беше дека буквално преку ноќ, ќе снема билети… За експресно брзо време беа распродадени речиси сите концерти, пред почетокот на турнејата се очекува да бидe комплетно распродадена цела турнеја…

Ако денот по утрото се познава, по повод 20 години успешна музичка кариера, безброј авторски хитови, песни што се пеат од срце, големиот концертен и славенички спектакл – Концерт на Јордан Митев во Македонија ќе биде шлаг на музичката торта.

Концертот ќе се одржи во претпразничен амбиент, на 26 декември во Спортскиот центар Јане Сандански во Скопје. Под мотото: Две децении љубов, песна и незаборавни хитови Јордан Митев најавува спектакл каков што Македонија не памети. Вечер исполнета со авторски хитови, македонски фолк звуци, игра, песна и незаборавна атмосфера која може да ја приреди само тој. Со голем оркестар и програма за која наскоро се очекува да ги соопшти деталите.

За да не биде како во Австралија, да се бара билет повеќе, картите се веќе пуштени во продажба преку платформата e–ticket, достапни на следниов линк. Онлајн билетите можат да се купат за фан пит зоната, блоковите А и А1, блок 1 и блок 2 и се во прет-продажба до ноември по цена од 500 денари за блокови и 700 денари за фан пит..

Ќе бидат ова убава музичка есен и зима за нашиот Јордан Митев, а уште поубава за неговата најверна публика, било да е таа е во Австралија или во родната Македонија.

Популарно