Барам Шешељ веднаш да биде осуден!

Новоизбраната хрватска претседателка Колинда Грабар Китаровиќ побара од генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун да ги преземе сите мерки за враќање на Воислав Шешељ во притвор во Меѓународниот суд во Хаг и што е можно поскоро да се донесе пресуда за неговиот случај.

kolinda-520x348_2015118134652

„Со ослободувањето на Шешељ се поткопува целта, поради која Советот за безбедност го основа Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија. Затоа барам од Вас да ги преземете сите потребни чекори за да се овозможи Шешељ да се врати во притвор во Хаг се додека не ги исполни условите за привремено пуштање на слобода, кои сите други затворенци на Судот мора да ги исполнат“, се наведува во писмото на Грабар Китаровиќ до Бан Ки-мун, кое денеска нејзиниот изборен штаб го достави до агенцијата Хина.

Според Грабар Китаровиќ под околности, кои не се сосема јасни, Судот во ноември 2014 година го пуштил на привремена слобода Шешељ од „хуманитарни причини поради влошената здравствена состојба“.

Меѓутоа Судот за привременото пуштање на слобода не му одреди услови, кои инаку се вообичани, вели таа.

Грабар Китаровиќ нагласи дека од Шешељ не било побарано да се воздржи од јави настапи или ангажмани во политичкиот живот додека е на привремена слобода, како и дека тој не бил обврзан да се врати во Судот, кога тоа ќе биде побарано од него.

Шешељ е обвинет во 2003 година, судењето заврши во 2010 година, но досега не е донесена пресудата.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно