Пејачката Сара Блеквуд, од популарниот бенд „Walk Off the Earth“, која е трудна веќе седум месеци, ја избркале од авион. Таа заедно со нејзиното двегодишно синче- Џорџ, требало да патуваат од Сан Франциско до Ванкувер.
Пејачката тврди дека ја исфрлија од авион бидејќи детенцето постојано плачело.
„Ме исфрлија од авион бидејќи мојот син плачел. Останав мирна, но тоа е дискриминација.“, се пожали Сара. Сепак тие стигнале во Ванкувер, но наместо патувањето да трае пет часта, траело дванаесет, што за една бремена жена е дополнителен напор.
Од авионската компанија тврдат дека детето не седело на своето место што ја доведува безбедноста на патниците во прашање, и неколку пати се шетало меѓу седиштата. Патниците не се сложуваат со ова. Тие тврдат дека детенцето спиело кога Сара била замолена да го напушти авионот, а вработените во авионот се однесувале крајно непрофесионално, неразумно и безчуствително.