Ципрас се согласи на сѐ: Грција ги губи Солун и Пиреја!

Грчката влада на Еврогрупата ѝ го предаде пакетот-мерки, со кои им излезе во пресрет на барањата на меѓународните кредитори да ги зголеми даноците и да го намали државниот трошок за пензии.

sah

За возврат Грција од кредиторите очекува 53,5 милијарди евра со кои до крајот на јуни 2018 година  ќе ги покрие доспеаните обврски за отплата на долговите, пишува Ројтерс.

Тие мерки, кои вклучуваат зголемување на даноците за бродските компании и укинување на даночните олеснувања за островите треба да ги исполнат условите за новиот договор со кредиторите кој би ја спасил Грција од банкрот и од излез од евро-зоната. Владата исто така планира да го зголеми данокот на додадена вредност за рестораните и хотелите, да започне реформа на пензискиот систем и да одреди цврст рок за започнување на големите приватизации.

АП констатира дека грчката влада ги прифатила барањата кои претходно ги одбиваше, главно со преместување на разни категории стоки и услуги во повисока даночна стапка.

Ројтерс прецизира дека меѓу понудените мерки се веднаш да се зголеми данокот на луксуз и воведување на данок на телевизиски реклами и премин на нов систем на колективно преговарање кон крајот на годината.

Грчката влада, исто така, се обврзува до крајот на октомври да ги објави датумите кога ќе распише тендери за приватизација на железниците и пристаништата во Пиреја и Солун.

Исто така, ќе преземе чекори за приватизација на регионалните аеродроми и за продажба на државните акции во грчкиот Телеком. Освен тоа, Атина нуди и кастрење на трошоците за одбрана.

Владата, исто така за октомври, ја најави и новата реформа на пензискиот фонд. Грчкиот предлог пристигна во Брисел и му беше предаден на шефот на Еврогрупата, Јерн Дајселблум, речиси два часа пред истекот на рокот - четврток на полноќ. Ако европските партнери бидат задоволни, пакетот-мерки на Ципрас би можело да биде прифатен на вонредниот самит на лидерите на ЕУ в недела, а во спротивно на Грција ѝ се заканува излез од евро-зоната, јавува Ројтерс.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно