Вечерва почина едно од момчињата (20) кое беше повредено во сообраќајката што попладнево се случи на патот Охрид-Свети Наум кај Лагадин.
Тешката сообраќајка однесе еден млад живот по сударот меѓу моторцикл и патничко моторно возило.
Лекарскиот тим во болницата “Свети Еразмо” максимално до доцна вечерва го вложуваше сето свое знаење и умешност да го спаси младиот живот, но за жал повредите беа претешки и 20 годишниот охриѓанец ја изгуби битката.