Конечно на пазарот се појави таблет компјутер кој со екран кој може да се витка. Изнанадувањето е што овој производ не е на Samsung.
Зад овој таблет на превиткување стојат повеќе компании како што се Intel, Plastic Logic Универзитетот Квинс, кои ја прикажаа оваа нова неверојатна технологија. Во овој момент екранот е изработен од пластична фолија и прикажува само црно-бела слика.
Затоа пак, поседува еден куп неверојатни карактеристики кои отвораат нови можности за интеракција и споделување на документи, како и спојување на повеќе екрани за преглед на големи документи или слики.
Целосната презентација на овој PaperTab, како што е наречен таблетот со екран на превиткување ќе се случи утре на CES 2013 што значи дека многу наскоро ќе имаме повеќе информации и детали за овој одличен и револуционерен производ. Од следното видео може да погледнете дел од почетната презентација на опциите на PaperTab.