ФОТО: Оваа српска докторка ќе го менува полот за да не оди во пензија!

Српската докторка Мира Станојчиќ  од Горни Милановац изјави дека од денеска почнала постапка за хируршка интервенција, што според неа, ќе ја изврши доктор Душан Станојевиќ.

lkearka.jpg500

- Според доктор Станојевиќ постапката трае две години, бидејќи цел тим експерти треба да даде свој став, а хируршкиот зафат ќе биде извршен бесплатно, истакна Станојчиќ, пренесува Танјуг.

Според докторот промена на пол најчесто се врши од медицински причини, како и дека ова е несекојдневен пример во неговото досегашно искуство, бидејќи станува збор за докторка што сака тоа да го направи од економски причини.

Доктор Мира Станојчиќ, специјалист за физикална медицина и рехабилитација од Горни Милановац, најави претходно дека ќе го промени полот со цел да не биде пензионирана.

Станојчиќ претходно добила налог од директорот на болницата дека и тече годишниот одмор, како и дека во решението стои дека сите што ги исполнуваат условите за пензија од вторник треба да го искористат годишниот одмор за тековната година. Од неа се очекува по одморот да замине во пензија.

Таквата одлука Станојчиќ ја оценува како дискриминирачка за жените, кои се ставени во нерамноправна позиција во однос на своите колеги, односно дека во нејзиниот случај не се гледа квалитетот, туку годините и полот.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно