На Клиниката за абдоменална хирургија утринава пациент пукал во лекар и го ранил во ногата.
Пациентот наводно не бил задоволен од лекувањето кон мајка му, која починала и со пиштол пукал во хирургот и во медицинската сестра при што го погодил лекарот во ногата, откриваат извори за НОВА од Клиниката. Според лекарски извори тој бил во придружба на уште двајца луѓе кои потоа почнале да дивеат и да кршат се пред себе. Екипи на МВР се на Клиниката и според неофицијални информации насилниците се уапсени. Од МВР најавија дека за кратко време ќе се произнесат со информации за настанот.