Ужас: Зоран ја закопал мајка си во двор за да и ја зема пензијата

zoaran-petrovic-karlovci-foto-sladjana-stojanovic-1447710207-785813uykm67i67i6

Зоран Петровиќ, 61-годишен Србин направи невидено злосторство, откако верувале или не, ја закопал мајка си во дворот од куќата, за да и ја зема пензијата. Тој ја закопал мајка си пред околу шест месеци, а случајот бил откриен од страна на српската полиција за време на изминатиот викенд. На соседите им било чудно зошто старицата ја нема толку долго време да излезе и да помуабети со нив, но потоа ја дознале страшната вистина која била шок за нив.

- Едвај им ја отвори капијата на полицајците. Рече дека не знае каде му е мајката, дека заминала некаде, не сакаше да ги пушти внатре. Меѓутоа, на полицајците им беше јасно дека е стара и неподвижна жена, и дека тој крие нешто, велат потресените соседи.

Кога видел дека нема излез и дека полицијата не се откажува, Зоран збеснал: - Да почина и ја закопав тука во семејниот двор. Морав инаку од што ќе живеев? Знаете ли како ми е, викал тој.

Обдукцијата покажала дека жената починала од срцев удар, а не од насилна смрт.

- Телото било закопано во мај годинава. Буквално се распаѓаше, беше изгниено, велат од полицијата за српскиот Курир.

Зоран и раскажал на полицијата дека не работел за да се грижи за неа и да ја чува дома, а откако починала морал да го направи делото за да продолжи да ја зема нејзината пензија.

На прашањето зошто не направил погреб и не ја закопал како што е редот со парите од нејзината пензија одговорил: - Ма немој! и потоа од што да живеам?

Овој настан ја потресе јавноста во Србија.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно