Исповед на мајката на Стефани: Ќерка ми Стефани бегајќи излезе од таксито со искинати алишта

Не знам дали ќерка ми е силувана, но облеката и беше истегната и личеше на искината. Стефани плачејќи ми кажа „он спиеше со мене насила“. Вака за Дневник изјвила Александра Kаранфилковска, мајка на 20-годишната Стефани Брзанова, која завчера напладне трагично загина скокајќи од 9. кат од зграда во населбата Аеродром. Засега нема потврда од полицијата дали станува збор за самоубиство, иако, најверојатно, девојката сама си го одзела животот. Мајката се сомнева дека Стефани посегнала по својот живот откако била силувана од скопски таксист.

stefni-640x640

-Ги чекаме резултатите од обдукцијата на моето девојче и кога ќе бидат готови, ќе се знае што точно таксистот ~ сторил на ќерка ми и тогаш ќе поднесам пријава и тужба против него. Не сакав да изјавам дека сум го пријавила, но тоа ми е намерата ако се покаже дека е така - рече вчера за „Дневник“ Kаранфилковска.

Само неколку часа пред да разговара со нас во јавноста излезе информација дека таа го пријавила таксистот за силување. Од МВР веднаш демантираа дека било пријавено силување на девојка. Со мајката на Стефани разговаравме во нивниот дом. Ни вели дека претходната вечер Стефани била излезена со друштвото и со нив се разделила кај Железничката станица, каде што се качила во такси-возило. Мајката ни ја опиша сликата кога Стефани излегла од возилото.

- Вечерта излегла со друштвото и пиела алкохол. Потоа се качила во такси за да си дојде дома. Околу 4 часот ми се јави на мобилниот телефон и со исплашен глас ми рече: „Мамо, мамо, брзо дојди земи ме“, а таксистот од таму дофрлаше: „Kажи и за два часа ќе те вратам, за два“. Јас и мојот пријател веднаш истрчавме надвор и го видов такси-возилото. Потоа од него излезе ќерка ми и трчаше како избезумена. Алиштата ~и беа искинати. Она бегаше и викаше - раскажува Александра.

Додава дека таксистот тврдел оти ништо не и сторил, но дека нејзиниот пријател го истепал. Се прашува зошто таксистот не отишол во полиција да пријави дека е истепан.

- Мислам дека нешто се случило, не знам дали е силувана. Дај боже да не е тоа, а обдукцијата ќе покаже - раскажува мајката.

Александра вели дека утрото кога се разбудиле ништо не навестувало дека ќе се случи нешто лошо.

- Вечерта дома ја смиривме и си легна да спие. Сабајлето кога стана беше расположена и рече дека ќе оди до кај баба си, мојата мајка, која живее во другиот влез. Најгоре на зградата има балкон на кој секогаш си седевме заедно и се одморавме. Од тој балкон мојата ќерка скокна во смрт - тврди мајката додавајќи „за се е виновно музичкото училиште“.

Александра за Дневник  раскажала  дека нејзината ќерка три години се лечела од депресија.

- Цели три години ќерка ми се лечеше од депресија и анксиозност. Има една година како што беше излечена. Ќерка ми уште од малечка беше повлечена. Бидејќи беше многу музикална, ја запишав во средното музичко училиште, но таму доживеа психички малтретирања од професорите и соучениците. Една од професорките дури и кажа дека не знае да пее и да го оперира гласот или да да се отпише од училиштето. Постојано ме прашуваше зошто ~ го прават тоа. Поради овие малтретирања Стефани падна во депресија - вели мајката.

Сонувала да студира џез во САД

Дваесетгодишната Стефани беше пронајдена мртва пред зградата во која живеела на улицата Руди Чајевац во Аеродром. Стефани в понеделник требало да ја земе визата за САД и наскоро да замине да работи на брод, а посакувала таму да студира џез.

Таксистот пријавил дека бил истепан

Таксистот Ј.С. (53) од Скопје завчера во 15.30 часот пријавил дека утрото околу 4.30 часот на улицата Kоста Новаковиќ во Аеродром додека симнувал патник од своето такси-возило бил нападнат од А.З. (39) од Скопје.

Според пријавата, таксистот бил удиран со боксови и клоци по главата и телото од кои му се нанесени видливи повреди во вид на модринки и отоци, исеченица на левата аркада и на задниот дел од главата.

По нападот, насилникот побегнал со автомобил „опел“. Таксистот во полициска станица негирал дека ја силувал девојката.

Хипоталамусот – центарот за апетит во мозокот, е поголем кај луѓето со вишок килограми

Научниците од Универзитетот Кембриџ открија дека хипоталамусот, клучната област во мозокот што делува како центар за контрола на апетитот, е значително поголем кај луѓето со прекумерна тежина и оти нездравата исхрана може да предизвика воспаление во овој дел на мозокот, што води до структурни промени.

Научните испитувања биле спроведени врз 1.351 млад човек со различна тежина. Тие воспаленија, велат научниците, може „да ги наруши природните механизми одговорни за одржување стабилна телесна тежина“, што им отежнува на лицата со вишок килограми да го контролираат гладот ​​и исхраната, пишува британски „Тајмс“.

Наодите говорат дека вкупниот волумен на хипоталамичната структура во мозокот е значително поголем кај луѓето со прекумерна телесна маса.

Прочитајте кои се моќни природни андидепресиви

Во природата можеме да најдеме лекови за сите болести, а овие се одлични за појава на симптоми на депресија или оние денови кога ништо едноставно не ни е по наша желба. Успешно се борат против падот на концентрацијата, нервозата и лошото расположение.

Гинко билоба

Гинко билоба има многу позитивно влијание на нервниот систем. Луѓето кои имале проблем со протокот на крв во мозокот, по редовна употреба на ова растение, имале одлични резултати. Гинко билоба е најдобрата билка за лекување на депресија предизвикана од стареењето на мозочните клетки. Може да го користат и помладите, бидејќи позитивно делува на нервниот систем и значително го подобрува расположението.

Јасмин

Мирисот на јасминот има многу корисен ефект врз нервниот систем. Ги подобрува сонот и расположението, а носи и чувство на среќа и мир. Тој е еден од најсилните природни антидепресиви. Можете да го користите во форма на масло, или можете да го оставите сувото растение во просторијата.

Лаванда

Друг природен антидепресив е лавандата, која делува на нервниот систем така што го опушта, со што го ослободува телото од чувството на тага и сите состојби на депресија. Промовира нормален сон и добро расположение, а препорачуваме да користите масло од лаванда.

Боровинки

Освен што се вкусни, тие ни помагаат и при депресија со тоа што го подигнуваат нашето расположение и промовираат чувство на среќа и задоволство. Тие се полни со антиоксиданси кои го чистат и штитат нашето тело од штетни влијанија. Освен тоа, го штитат нервниот систем и помагаат во обновувањето на нервните клетки.

Какао

Ако изедете 2 или 3 коцки темно чоколадо, тоа благотворно ќе влијае на нервниот систем, а ќе ги подобри и концентрацијата и расположението.

Јаткасти плодови и семиња

Јаткастите плодови и семките (особено ленот и конопот) се богати извори на масни киселини, кои имаат исклучително позитивно влијание на нашиот нервен систем. Редовното консумирање на храна која е богата со омега 3 масни киселини ќе ви помогне да го зачувате вашиот нервен систем. Доколку ги консумирате редовно, шансите да заболите од депресија се многу мали.

Шест причини зошто е најдобро да заминете на одмор во септември

За многумина, септември го означува крајот на сезоната за патување, но за некои, тој нуди одлична можност да се спакуваат и да заминат на одмор.

Еве зошто е  одлично да одите на одмор во септември: 

1. Поголема заштеда

Бидејќи е сезона за одење во училиште, многумина не го избираат септември како месец за патување. Токму поради тоа, цените на трошоците за превоз и сместување може значително да опаднат. Дополнително е тоа што во овој месец неретко можете да сретнете и одредени попусти. Доколку и вие сте од оние коишто завршиле со училишните и факултетски обврски, септември е одличен месец да ја пронајдете вашата дестинација за одмор.

2. Избегнување гужви

Ова е дополнителен поттик за патување во септември, особено за оние коишто сакаат да ги избегнат гужвите и сообраќајниот метеж. На некои луѓе ова им пречи и им ја исцрпува енергијата, но овој месец е период којшто нуди посмирени посети на омилените дестинации.

3. Пониски цени за сместување

Луксузните дестинации честопати ги рекламираат своите најголеми попусти на крајот на летото и за време на раната есен. Во септември можете да пронајдете големи попусти дури и на местата каде што отсекогаш сте посакувале да одите. Искористете го овој период и пружете си себеси и на вашите најмили одмор од соништата.

4. Времето е пријатно

Иако септември веќе ја најавува есента, времето може да биде навистина прекрасно. За сите оние коишто сакаат да ги избегнат летните горештини и сакаат да се опуштат во умерено и пријатно време, септември го нуди сето тоа.

5. Имате можност за вонсезонски активности

Додека пропуштате некои сезонски активности, секогаш постојат нови можности коишто ви ги нуди токму септември. Во зависност од вашата посакувана дестинација, ќе имате можност да искусите многу вонсезонски активности коишто ќе ви ги збогатат вашите спомени.

6. Поголеми попусти на потребните работи

Доколку отпатувате во септември, ќе имате можност да ги купите потребните работи, а притоа да заштедите. На пример, ќе можете да купите костум за капење по доста пониска цена, производите за сончање ќе ве чинат помалку, а исто така ќе заштедите и ќе имате средства да си дозволите да купите и други работи во коишто би уживале.

Популарно