Познати се детали од полиграфското испрашување на сопругот на починатата српска пејачка Јелена, пренесуваат српските медиуми.
На клучното прашање при полиграфот, „Дали ја убивте вашата сопруга Јелена“, Зоран јасно и многу убедливо одговорил негативно, а полиграфот покажал дека ја зборува вистината.
Со ова паѓа сомнежот дека сопругот е убиецот, но српски „Информер“ пишува дека возможно тој да е на некој начин вмешан во убиството или да знае кој го извршил.
Зоран бил два пати подложен на полиграф и двата пати ги поминал прашањата без проблем.
По најновите информации на истрагата, Јелена не е убиена со чекан, туку со дрвен предмет, најверојатно дебела гранка.