Заштита од крлежи

zastita-od-krlezi_image

Избегнувањето на подрачја со крлежи се најдобра заштита од овие инсекти. Задолжително побарајте медицинска помош доколку забележите крлеж на вашата кожа.

Со доаѓањето на пролетта, потребна е поголема заштита од надворешните услови, бидејќи сè повеќе време луѓето поминуваат надвор. Во таа заштита спаѓа и заштитата од крлежи и од убоди на другите инсекти. Започнувајќи од овој месец па сè до август, луѓето добиваат убоди од крлежи, но и болести кои се пренесувани од страна на крлежите. За споредба, во Соединетите Американски држави, секоја година има околу 30 илјади потврдени случаи на лајмска болест. Една неодамнешна национална американска анкета покажа дека околу 20% од луѓето во пределите каде што лајмската боелст е честа појава, воопшто не ни биле свесни за постоењето на ризикот. Дури и во пределите каде што болеста е честа појава, 42% од индивидуите потврдија дека не преземале никакви мерки за заштита од крлежи.

Други болести пренесувани од страна на крлежите се: пегава треска, анаплазмоза, ерлихиоза и бабезиоза. Овие болести обично се ендемски и концентрирани во одредени подрачја.

Болестите пренесувани од страна на крлежи може да предизвикаат благи симптоми, но во најтешките случаи може да предизвикаат сериозни инфекции кои нужно бараат хоспитализација. Најчестите симптоми од болестите пренесувани преку крлежите вклучуваат: покачена телесна температура или намалена телесна температура, треска, болки, исип на кожата, чешање и слично.

Како да се заштитиме?

Раната дијагноза и лекување на инфективните болести пренесувани од крлежи го намалува ризикот од сериозни компликации. Доколку сте каснати од крлеж или имате некој од симптомите, пожелно е веднаш да се обратите на лекар. Намалувањето на изложеноста на крлежи е најдобрата заштита против лајмската болест и другите болести што ги пренесуваат овие инсекти. Особено внимание треба да обрнете доколку летото го минувате или одите на одмор во подрачја каде е познато дека има доста крлежи. Други препораки се:

-Да се избегнуваат области со високи треви и лисја, а кога планинариме треба да се движиме по центарот на патеките, не во близина на дрвјата и гранките;

-Колку е повеќе телото покриено со облека, толку е подобро и сте повеќе заштитени од директен контакт со крлежите;

-Користете појака заштита против инсекти и крлежи за кожа која трае неколку часа. Не заборавајте да ја заштитувате кожата на своите деца. Секогаш следете го упатството на производот;

-Користете производи кои содржат перметрин за да ја заштитите облеката и опремата, како чевлите, панталоните, --чорапите, шаторите и во природа пожелно е да носите облека која претходно е заштитена со перметрин;

-Домашните миленици можат да донесат крлежи во вашиот дом, но и да ви пренесат некоја од болестите од крлежите. --Вршете им редовни прегледи дали имаат крлежи и нанесувајте им специјална ампула против крлежи и останати паразити или пак, некакво друго заштитно средство како каивче, капење со специјален шампон, прашоци, спрејови итн.;

-Туширајте се веднаш штом ќе се вратите од надвор за побрзо да ги пронајдете потенцијалните крлежи пред да ве каснат и пред да започнат да навлегуваат под кожа;

-Проверувајте го детално целото тело со помош на огледало или со помош од некого, а родителите треба детално да ги прегледуваат своите деца. Отстранете ги веднаш сите забележани крлежи.

Прочитајте кои се моќни природни андидепресиви

Во природата можеме да најдеме лекови за сите болести, а овие се одлични за појава на симптоми на депресија или оние денови кога ништо едноставно не ни е по наша желба. Успешно се борат против падот на концентрацијата, нервозата и лошото расположение.

Гинко билоба

Гинко билоба има многу позитивно влијание на нервниот систем. Луѓето кои имале проблем со протокот на крв во мозокот, по редовна употреба на ова растение, имале одлични резултати. Гинко билоба е најдобрата билка за лекување на депресија предизвикана од стареењето на мозочните клетки. Може да го користат и помладите, бидејќи позитивно делува на нервниот систем и значително го подобрува расположението.

Јасмин

Мирисот на јасминот има многу корисен ефект врз нервниот систем. Ги подобрува сонот и расположението, а носи и чувство на среќа и мир. Тој е еден од најсилните природни антидепресиви. Можете да го користите во форма на масло, или можете да го оставите сувото растение во просторијата.

Лаванда

Друг природен антидепресив е лавандата, која делува на нервниот систем така што го опушта, со што го ослободува телото од чувството на тага и сите состојби на депресија. Промовира нормален сон и добро расположение, а препорачуваме да користите масло од лаванда.

Боровинки

Освен што се вкусни, тие ни помагаат и при депресија со тоа што го подигнуваат нашето расположение и промовираат чувство на среќа и задоволство. Тие се полни со антиоксиданси кои го чистат и штитат нашето тело од штетни влијанија. Освен тоа, го штитат нервниот систем и помагаат во обновувањето на нервните клетки.

Какао

Ако изедете 2 или 3 коцки темно чоколадо, тоа благотворно ќе влијае на нервниот систем, а ќе ги подобри и концентрацијата и расположението.

Јаткасти плодови и семиња

Јаткастите плодови и семките (особено ленот и конопот) се богати извори на масни киселини, кои имаат исклучително позитивно влијание на нашиот нервен систем. Редовното консумирање на храна која е богата со омега 3 масни киселини ќе ви помогне да го зачувате вашиот нервен систем. Доколку ги консумирате редовно, шансите да заболите од депресија се многу мали.

Ова се најлошите намирници за здравјето на мозокот

Постојат многу фактори што можат да влијаат на ризикот од проблеми со здравјето на мозокот, а некои од нив се целосно во ваша контрола. Одредени фактори можат да ви помогнат да го одржите вашиот мозок во врвна форма, како што се избегнување на пушењето цигари, применување физичка активност и одржување здрава тежина.

– Да се има оптимално здравје на мозокот значи минимизирање на воспалението и изложеноста на токсини, да се биде метаболички флексибилен, да се има потпорна енергија, проток на крв, оксигенација, митохондријална функција и хранливи материи, како и да се има доволна невротрофична поддршка – вели Дејл Бредесен, истражувач за неврологија и експерт за невродегенеративни болести.

Кога станува збор за изборот на храна, добро е познато дека следењето шеми на исхрана богати со антиоксиданси како медитеранската исхрана и фокусирањето на хранливи материи како омега-3 масните киселини и витамините Б може да помогне во поддршката на природното здравје на вашиот мозок.

Високото дневно внесување овошје и зеленчук може да резултира со подобри когнитивни перформанси во споредба со оние што консумираат мали количества овошје и зеленчук во нивната исхрана. Значи, исхраната богата со хранливи материи преполна со антиоксиданси, здрави масти и микронутриенти може да ви помогне да го одржите вашиот мозок здрав. Меѓутоа, од друга страна, постојат одредени намирници што можат да дејствуваат против целите за вашето здравје на мозокот, особено ако често ги вклучувате во вашата исхрана.

Пржено пилешко

Сè што е длабоко пржено има добар вкус, а тоа крцкање што го добивате кога ќе гризете пржена храна е нешто што е тешко да се замени. Меѓутоа, јадењето пржена храна како што е прженото пилешко месо често не му прави никаква услуга на вашиот мозок. Резултатите од метаанализата објавена во списанието „Американ џрнал оф клиникал нутришн“ покажаа поврзаност помеѓу поголемо количество пржена храна и зголемен ризик од когнитивни здравствени проблеми.

Гумени бонбони

Сите ние сакаме слатко задоволство одвреме-навреме. Меѓутоа, бонбоните како гумените мечиња се речиси без ништо хранливо, бидејќи во суштина се направени од чист шеќер. Додека шеќерот во форма на гликоза е потребен како извор на енергија, преголемата потрошувачка на шеќер е поврзана со оштетување на меморијата и зголемен ризик од деменција. Затоа е подобро гумените бонбони да ги консумирате како повремено уживање и да се придржувате до слатките грицки со хранливи материи за често грицкање, како овошјето.

Брза храна

Понекогаш опасноста не е храната што ја јадете, туку она во што е спакувана вашата храна. Познато е дека обвивките за брза храна содржат пер- и полифлуороалкилни супстанции (ПФАС) или хемикалии што се поврзани со многу негативни здравствени ефекти, вклучувајќи и негативни ефекти врз нашето когнитивно здравје.

Крофни

Крофните предизвикуваат троен удар кога станува збор за храна што не го поддржува здравјето на нашиот мозок. Овие слатки обично се прават со додаден шеќер, кој, кога се консумира прекумерно, се чини дека е поврзан со пониска когнитивна функција. Крофните се исто така пржени и се сметаат за ултраобработена храна, што укажува на тоа колку нивното често консумирање може да биде штетно за здравјето на вашиот мозок.

Oвошје кое ни е дар од природата

Смоквата со децении се користи во народната медицина, а нејзината примена се препорачува на оние кои патат од зголемен холестерол поради тоа што содржи повеќе растителни влакна од било кое друго овошје или зеленчук.

Особено се богати со пектин и растителни влакна кои го намалуваат нивото на холестерол во крвта.

Само пет смокви дневно обезбедуваат над 20 отсто од препорачаната дневна доза на растителни влакна.

Смоквата е богат извор на калциум, магнезиум, витамин Б6 и калиум.

Го намалува холестеролот

Поради намалените артерии може да настане инфаркт или пак мозочен удар. Освен холестеролот на оштетувањето на срцето делуваат и зголемените триглицериди. Докажано е поволното делување на смоквите на нивото на холестеролот во крвта.

Растителните стероли како стигмастеролот и ланостеролот кои ги содржат смоквите, се врзуваат за молекулите холестерол во цревата и така спречуваат негова апсорпција.

Превенција на срцев удар

Омега 3 и омега 6, кои смоквите ги имаат во изобилство, важни се за здравјето на кардиоваскуларниот систем. Смоквите се добар извор на калиум, минерал којшто го регулира крвниот притисок.

Помош при лекување на дијабетес

Поради количината шеќер која ја содржат, дијабетичарите треба да внимаваат при консумирање смокви. Сепак, доколку се користат умерено, може да доведат до намалување на потребите за количина инсулин кај дијабетичарите.

Подобрување на помнењето

Редовното консумирање смокви спречува анемија и го подобрува помнењето. Само четири суви смокви обезбедуваат дури една четвртина од препорачаната дневна доза на железо за организмот

Против настанување акни

Со виљушка направете маска од три свежи смокви и една лажица јогурт, па нанесете ја на лицето. Масирајте се и оставете ја маската на кожата 15-20 минути да се исуши, па измијте се. Истата маска може да ја нанесете на усните за да се ослободите од испуканите усни и мртви клетки.

Популарно