Уставен суд донесе мерка за запирање на сите изборни дејства

Уставниот суд на денешната седница едногласно одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија од 18 јануари 2016 година и Одлуката за изменување на Одлуката за распуштање на Собранието од 23 февруари 2016 година. Притоа, уставните судии донесоа и времена мерка со која се запираат сите изборни дејства.

ustaven-640x294

Одлуката на Судот ќе биде објавена денеска во Службен весник, по што и формално стапува во сила.

Судот следната недела треба да донесе конечна мериторна одлука за иницијативата за распуштање на Парламентот.

Иницијативата ја поднесе пратеникот на ДУИ Талат Џафери, за која од Уставниот суд посочуваат дека има целосно нови елементи и оти за овој предмет има нова анализа.

Уставните судии во февруари годинава веќе расправаа и ја отфрлија Иницијативата на пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз и на Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес, за одложеното распуштање на Собранието

Девојче со тешки телесни повреди пренесено во прилепската болница

Вчера во 09.20 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул.„11 Октомври“ во Прилеп патничко возило „југо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(52) удрило во велосипед управуван од малолетничка, двајцата од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Градската болница Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на трудот ширум светот

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на трудот ширум светот.

Овој ден се одбележува во светот во знак на сеќавање на тој датум во 1886 година, кога работниците во Чикаго со штрајкови и протести ја започнаа својата борба за осумчасовен работен ден.

На првиот конгрес на Втората интернационала во 1889 година, беше одлучено следната година да се одржи голема манифестација со која ќе биде прославен 1 мај, како знак на сеќавање на протестите во Чикаго и како форма на борба за работничките права.

На вториот конгрес на Работничката интернационала е одлучено од 1890 година на 1 мај ширум светот да се одржуваат манифестации, демонстрации и штрајкови.

Вметнувани страници во пасош, приведен швеѓанин на Табановце

Денеска (01.05.2024) во 01.15 часот на Граничниот премин Табановце бил лишен од слобода Г.Ј.Ј.М.(27) од Шведска, поради тоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека во неговата патна исправа недостасувале страници, а исто така во неа биле и вметнувани страници од друга патна исправа.

Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Популарно