13 годишни девојчиња од Србија нудат секс за пари на интернет!

 Малолетни девојчиња нудат секс со постари мажи на порно сајтови. Се работи за девојчиња од Србија, на возраст од 13 до 16 години, кои се логираат на порно сајтовите и бараат секс средби со постари мажи, а секако за возврат бараат пари.

Hooker-on-Bed-Heels-AP

Како што дознава српскиот портал Ало, девојчињата праќаат разголени фотографии и за нив бараат во просек од 30 до 50 евра. За ова раскажува татко чие дете се пожалило што прават другарките после училиште.

– Детето ми рече дека некои девојчиња на нејзината возраст имаат акаунти на порно сајтовите, па намерно отворив и најдов една девојка која ми звучеше како дете. Почна прилично вулгарно да ми опишува што би правеле, каков однос би имале, а кога ја прашав колку години има, без срам одговори 16. Се шокирав, а уште поголем шок следуваше кога и реков дека деца не ме интересираат, а таа ме праша што е тука страшно ,зошто да не се видиме, вели таткото кој останува анонимен.

За овој проблем зборува и психотерапевтот Зоран Миливојевиќ: – Децата во време на пубертетот посетуваат порно сајтови и она што тука ќе го видат мислат дека е нормален однос на маж и жена. Потоа се подготвени да го прават тоа и во реалниот живот. Социјалните мрежи и Интернетот им го овозможуваат тоа, вели тој.

Неопходно е да им се објасни на децата додека се помали дека „непознатиот и страшен чичко на улица”, постои и на Интеренет, велат психолозите.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно