(ФОТО) Му го заклаа синот пред очите – Масакр во кладилница

jnhfsbvcnxvbvc

Едвај изговори „тато“ и почна да се задушува. Се тетеравеше и ја држеше раката на врат, а меѓу прстите му прскаше крв. Стигна до мене и падна. Се наведнав над него и се обидов да го запрам крварењето. Го повикував, но тој само длабоко издиша, а главата му падна. Залелекав од болка и се обидував да го гушнам, но некои луѓе ме кренаа од земја, раскажува низ солзи Бора Усеиновиќ, татко на убиениот Сејдин (50), се уште шокиран од убиството на синот.

Него завчера околу 2.30 часот во борската коцкарница „Колосеум“ со кујнски нож го закла Игор Алексиќ (35) од Бор, викан Гига. Покрај Сејдин, Игор тешко го рани и братот на Сејдин Шемсо Јовановиќ (43) и неговиот пријател Насер Шаќировиќ (33).

sejdin-useinovic-1466287964-932353

Убиениот Сејдин

Ги навредувал гостите

Главниот актер на крвавата драма Игор Алексиќ дошол во кладилницата околу 2.30 часот утрото. Бил видно пијан и од вратата почнал да ги предизвикува присутните гости.

-Кој ќе ми застане на црта? Кој ќе се пресмета со мене? Ајде да видам кој смее, извикувал пијаниот Алексиќ, навредувајќи ги гостите.

-Не е убаво така да се однесуваш и да навредуваш луѓе без причина. Смири се и убаво седни или, те молам излези надвор, рекол Сејдин, според очевидците.

Но Алексиќ, опомената на Усеиновиќ ја сфатил како навреда, па почнал пожестоко да го навредува него и останатите со пцовки. На тоа гостите од локалот станале и го исфрлиле надвор.

Како што подоцна се дознало, Алексиќ отрчал до својата куќа, зел кујнски нож па се вратил во кладилницата. Кога повторно влегол се однесувал како Рамбо, вртејќи го големиот нож.

Сејдин повторно се обидел да го смири, обидувајќи се да го изнесе од кладилницата, но Алексиќ го оттурнал така што паднал преку покер-апаратите. Тој момент настанал хаос.

bora-trifunovic-1466287964-932347

Лелекање

Според кажувањата на присутните, Алексиќ со нож го исекол струјниот кабел и предизвикал краток спој, па снемало струја во целиот локал, а тој го започнал крвавиот пир. При ака најблиску му бил Усеиновиќ, паднат преку апаратите. Алексиќ му го забил ножот под грло и го повлекол кон вратот. Буквално го заклал. Крв почнала да блика кон присутните. Шемсо и Насер се обиделе да го оттурнат Алексиќ и да го спасат Сејдин, но убиецот ги избодел и нив двајцата. Во мракот се слушале врисоци, лелеци и пцовки. Луѓето во стампедо бегале еден преку друг кон вратата осветлена од улицата.

Користејќи ја општата паника, Алексиќ побегнал од кладилницата дома. На местото на инцидентот стигнала Брзата помош. Се обиделе да го реанимираат закланиот Сејдин, а Шемсо и Насер ги довезле во борската болница.

naser-sacirovic-1466287964-932351

Убиецот мирно се предал

Полициската патрола го пронајде Алексиќ во неговата куќа.

-Го затекнавме во соба со крвавиот нож во раце. Се посомневавме дека ќе не нападне и нас. Се чинеше дека се двоуми. Се тресеше и нешто мрмореше. Потоа го фрли ножот и ги крена рацете, вели соговорник од истрагата.

Шемсо Јовановиќ лелекал за братот

По Сејдин, од коцкарницата држејќи се со крвавите раце за грбот излегол неговиот помлад брат Шемсо. Од раната под пазувите му течело крв, но кога го видел постариот брат во локва крв, притрчал да му помогне. Го подигнал од земја, го гушкал и го довикувал, но залудно. Сејдин не давал знаци на живот. Слушнал од лекарите дека му нема помош, исечена му била каротидата.

-Сејдин е донесен мртов во болница. Неговиот брат Шемсо е избоден неколку пати од левата страна на градите, а Насер Шаќировиќ е избоден во грбот. Моментално се надвор од животна опасност, но се под лекарска грижа во борската болница.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно