ФОТО: Оваа фотографија била причина за монструзоното убиство во Србија

Не дека оваа фотографија е било какво оправдување за монструмот од Србија, но истата била само мотив повеќе тој да полуди. Поранешната сопруга на Синиша Златиќ, кој во петокот вечер во крвав пир уби пет лица, планирала својот живот да го продолжи со новото момче.

traged

Во масакрот на нејзиниот сопруг во барот „Макијато“ во српско Житиште, покрај неа, загина и нејзиниот нов пријател Стеван Јојиќ (40), како и три невини лица, кои во моментот се нашле на местото.

Се започнало од оваа фотографија, која откако Синиша ја видел, полудел. Четириесет и пет минути по објавувањето, тој дошол во истиот бар.

Јојиќ кој работи и живее во Шведска, бил дојден во родниот крај на одмор. Негов пријател за „Новости“ изјавил дека тој планирал свадба со Дијана Златиќ.

Врската траела неколку месеци, а започнала после прекинот меѓу Синиша и Дијана. Најпрво се гледале во тајност, но во последно време излегувале и јавно.

Пред трагедијата, заедно го поминале викендот во Аранѓеловац.

Исто така изјавил дека го поканил Стеван со Дијана и нејзиниот 8-годишен син во Шведска. Меѓутоа, таткото Синиша не сакал да потпише согласност за патување и отворено кажувал дека го мрази тоа што Дијана се дружи со Стеван.

Погребот на Стеван ќе биде денес, како и Владимир Мијатовиќ, негов врсник, пријател и сосед од Житиште.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно