Најмалку 10 загинати во Минхен: Терористот вика „Алах е голем“!!!

Најмалку десет луѓе загинаа, а 21 се ранети во вооружениот напад извршен вчера доцна попладне во трговскиот центар „Олимпија“ во Минхен, јави ДПА.

mkd-235903

Портпаролот на полицијата во Минхен, Петер Бек соопшти дека најмалку 10 луѓе биле хоспитализирани по нападот.

Но, како што јави дописникот на МИА од Берлин, наспроти тврдењето на полицијата, баварскиот јавен радиотелевизиски сервис „Бајерише Рундфунк“ објави дека во нападот се повредени 20 луѓе. Засега нема потврда за оваа бројка од страна на полицијата,

Претставник на полицијата претходно соопшти дека во нападот биле убиени осум лица, по што припадници на безбедносните сили доцна синоќа во трговскиот центар пронашле уште едно тело, кои има прострелни рани што упатуваат на самоубиство.

Според истиот извор, во тек е проверка со цел да се утврди дали можеби телото му припаѓа на учесник во нападот. Германскиот весник „Билд“ претходно објави дека еден напаѓач се самоубил пукајќи си во главата, но полицијата не ја потвди ваквата информација.

Во близина на телото полицијата нашла црвен ранец, кој наликува на оној што, според очевидци, го носел напаѓачот кој почнал да пука пред ресторанот „Мекдоналдс“.

Како што јави германското радио „Бајерише Рундфук“, портапролот на минхенската полиција Маркус да Глорија Мартинс соопшти дека припадници на специјалните полициски единици со помош на робот ја проверува содржината на ранецот.

Мартинс соопшти и дека полицијата пронашла уште едно тело крај река Изар и проверува дали тоа има врска со нападот во бликсиот трговски центар.

Очевидецот Луан Зекири за телевизијата Н-ТВ изјави дека додека бил во близина на ресторанот „Мекдоналдс“, каде што започна нападот во Минхен, слушнал како напаѓачот извикува навредливи зборови за странците во земјата и дека „врескал на цел глас“.

Зекири видел само еден напаѓач, кој што чизми и ранец. - Погледнав во неговиот правец и тој пукаше во скалите зад кој се криев, изјави Зекири, кој се скрил во една блиска продавница, а потоа избегал кога напаѓачот се тргнал од местото на нападот. При напуштање на локацијата Зекири видел мртви тела и ранети граѓани како лежат на земјата во близина на инцидентот.

Германските медиуми пренесуваат и изјави на друг очевидец, кој за телевизијата Си-Ен-Ен тврди дека еден напаѓач извикал „Алах е голем“, по што почнал да пука во група деца. Очевидецот тврди дека тој јасно ги слушал извиците на напаѓачот, затоа што и самиот е муслиман.

Полицијата првично соопшти дека трага по тројца вооружени лица за кои се претпоставува дека го извршиле нападот во трговскиот центар „Олимпија“, меѓутоа Дојче веле, повикувајќи се на полициски извори јави дека се претпоставува оти во нападот учествувале „најмногу три лица“, но дека не е исклучено да станува збор само за еден напаѓач.

Шефот на кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел, Петер Алтмајер вечерва нагалси дека засега не може да потврди дека нападот во Минхен е „акт на тероризам“. - Се што во моментов може да се каже пред јавноста е дека се работи за суров и нечовечки напад, изјави Алтмаjер.

Претходно и полицијата соопшти да не може да го оквалификува нападот како „дело на исламски терористи“, а некои германски медиуми јавија дека не е исклучено зад него да стојат домашни екстремни десничари.

Во Минхен е прогласена „специјална состојба“ заради нападот, а целата област околу трговскиот центар е блокирана. Сообраќајот во градот е целосно запрен - не сообраќаат метрото, трамваите, ниту автобусите, а евакуирана е и централната железничка станица во Минехен.

Телевизијата НТВ јави дека на барање на властите на Минхен во градот е активирана антитерористичката мрежа ГСГ 9, процедура која опфаќа активности за спречување на терористички акти и за изведување на антитерористички операции. Мрежата е воспоставена по нападот на палестински терористи врз израелските спротисти за време на Олимписките игри во Минхен во 1972 година.

Полицијата апелираше до граѓаните да останат во своите домови и ги избегнуваат јавните места.

Претставник на полицијата исто така ги повика граѓаните на социјалните мрежи да не објвуваат фотографии и видеа од полициската акција и движењето на полицајците, како ни шпекулации во врска со случувањата во Минхен. - Тоа ќе ни ја олесни работата, порача полицијата.

Минхенската полиција побара од граѓаните кои снимале видеа од нападот да ги достават до полицијата преку специјален линк на интернет https://medienupload-portal01.polizei.bayern.de.

Полицијата отвори и специјален број на кој граѓаните ќе можат да добијат информации за исчезнати лица, кои во време на нападот биле во реонот околу трговскиот центар.

Нападот почна во 17:52 минути во ресторан за брза храна во трговскиот центар „Олимпија“, кој се наоѓа во северниот дел на Минхен.

Како што јави Би-Би-Си, германскиот Федерален совет за безбедност за денеска закажа вонредна седница на која ќе се расправа за нападот во Минхен. На заседнието на Советот ќе присуствуваат германскиот канцелар Ангела Меркел, вице-канцеларот Зигмар Габриле и министрите за одбрана Урсула фон дер Лајен, за надворешни и внатрешни работи, Франк-Валтер Штајнмајер и Томас де Мезиер, за финансии Волфганг Шојбле, за правда Хајко Маас и за развој Герд Милер.

Штајнмајер во писмената изјава нагласи дека со ужас ги следи вестите што доаѓаат од Минхен. - Иако се уште ги немаме сите инфорамции за поздината на овој страшен акт, јасно е дека ќе тагуваме по загинатите и многуте повредени. Нашите мисли се со семејствата и блиските на жртвите, порача доцна синоќа германскиот шеф на дипломатијата Франк Валтер .

Според Штајнмајер, безбедносните сили во Минхен ноќва прават се што е во нивна моќ за да ги спасат животите на луѓето во опасност и да превенираат понатамошна опасност.

- Германија вечерва од целиот свет доби изрази на сочувство и поддршка, вели Штајнмаер, според кого, добро е во вакти тешки времиња да се знае дека европските и другите меѓународни пријатели на земјата се на иста страна.

Очевидецот Луан Зекири за телевизијата Н-ТВ изјави дека додека бил во близина на ресторанот „Мекдоналдс“, каде што започна нападот тгровскиот центра во Минхен, слушнал како напаѓачот извикува навредливи зборови за странците во земјата и дека „врескал на цел глас“.

Зекири видел само еден напаѓач, кој што чизми и ранец.

- Погледнав во неговиот правец и тој пукаше во скалите зад кој се криев, изјави Зекири, кој се скрил во една блиска продавница, а потоа избегал кога напаѓачот се тргнал од местото на нападот.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, при напуштање на локацијата Зекири видел мртви тела и ранети граѓани како лежат на земјата во близина на инцидентот.

Германските медиуми пренесуваат и изјави на друг очевидец кој за телевизијата Си-Ен- Ен тврди дека еден напаѓач извикал „Алах е голем“, по што почнал да пука во група деца.

Очевидецот тврди дека тој јасно ги слушал извиците на напаѓачот, затоа што и самиот е муслиман.

ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување

Поради делумно постапување по решението со опомена на ЈЗУ Универзитетска клиника за токсикологија во Скопје според закон и понатамошното евидентирано присуство на оваа клиника на здравствени работници и здравствени соработници без договори за вработување, ќе биде издадено решение за забрана на нивно присуство, согласно законските правила, информираше денеска директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Рената Младеновска.

На 30 април, извршен бил контролен инспекциски надзор на оваа клиника, по изминати рокови за постапување од наложените мерки со решение издадено од Државниот санитарен и здравствен инспекторат на 5 април.

Имало увид во документи од страна на медицинскиот директор и организацискиот директор и исписот од електронскиот систем за евиденција на работното време и контрола на пристап до просториите, односно присуство во просториите на јавните здравствени установи во периодот по приемот на решението, од 19 април до денот на контролниот инспекциски надзор 30 април.

Единаесет здравствени работници и соработници во решението од ДСЗИ кои биле без никаков договор за вработување,  откако договорите им истекле на 31 декември лани и понатаму се евидентирале во електронскиот систем за евиденција на работното време и контрола на пристап до просториите. Со евиденцијата на присуство во просториите на јавните здравствени установи не било постапено по точка 1 од решението.

Постапено било само по точка 4 - медицинскиот директор на Клиниката побарал од претседателот на УО да свика состанок, тој ги поканил членовите и денеска била закажана седница, а според добиените информации, морало да се постапува по решението издадено од страна на ДСЗИ.

- Првото решение беше решение за опомена, ова сега ќе биде решение за забрана. Доколку не ја почитуваат забраната ќе одиме со казни. Казните треба да ги провериме во Законот колку изнесуваат, тие ќе бидат секако парични казни коишто ќе се однесуваат и на медицинскиот и на организацискиот директор и на установата, појасни Младеновска, одговарајќи на новинарски прашања.

Министерот за здравство Илир Демири на 22 април на прес-конференција најави дека ќе го разреши медицинскиот директор на Токсикологија, Данил Петровски. Тој рече дека пред извесен период бил прашан од новинар за состојбата на Клиниката за токсикологија каде, како што му било кажано, 18 вработени не примиле плата четири месеци и дека во истата институција има за жал и навреди на национална основа.

Демири посочи дека тој ден потпишал решение со кое бара длабоко истражување од надлежните институции во врска со вработувањата во јавното здравство.

Истиот ден, претходно, лекари алармираа за хаос што се случува на Токсикологија, особено, како што рекоа, откако била назначена организациската директорка. 

Доктор Нико Беќаровски тогаш истакна дека Клиниката веќе неколку години е на маргините, во рок за шест години се сменети пет директори, додавајќи дека од 12 февруари, клиниката има нова организациска директорка, дипломиран економист, со која се соочувале со отпор и несоработка.

Во неколку наврати, додаде, било барано да се вработат двајца лаборанти и еден болничар, за да може да се функционира.

- Од директорката се инсистира да бидат примени сите 18, кои претходно беа примени со договор на дело, а на кои им истече договорот. Ставот на лекарскиот колегиум, е, дека немаме потреба од толкав број нови примања, рече тој.

На новинарско прашање, тој одговори дека меѓу 18-те лица за кои директорката Бесија Иљази барала да се вработат со договор на дело, имало и болничар кој пред неполн месец вршел притисок кај лаборант да замени урина во која имало наркотици, со чиста урина.

Беќаровски подвлече дека немаат комуникација со директорката, бидејќи, како што рече, таа не го знаела македонскиот јазик. Тој рече дека имал обиди со неа да разговара на англиски. Комуникацијата, додаде Беќаровски, била преку преведувач, кој бил дел од тие 18 лица, па докторот рече дека не знаат дали точно се пренесувало тоа што го зборувале и обратно, дали точно им се преведува нејзиното говорење.

Организациската директорка на клиниката даде изјава за медиуми истиот ден, но, само на албански јазик.

На прашањето зошто организациската директорка на Токсикологија не даде изјава на македонски јазик, туку само на албански, додека новинарите беа на Клиниката за токсикологија, министерот кажа дека самиот рекол да не се даваат изјави.

- Оти ако ме забележувате, колку сум воздржан во тоа што го кажувам. Ако има потреба, ќе даде и со преведувачи, одговори Демири на новинарско прашање.

На 26 април, прашан за болничарот кој требало да биде суспендиран, Демири рече дека голема неправда е направена на Токсикологија, затоа што не е обезбедена согласност од страна на менаџментот за обезбедување на договорите за работа за 18-те вработени кои четири месеци работат во Клиниката, а не добиваат економски надомест.

- Јас кажав тоа што имам забележано и за што имам факти и тоа е изјава дадена во јавноста, меѓутоа сме во предизборие, во тек е изборна кампања, не сакам да се прекрши ниедна законска процедура. Чекам да дојде извештајот на инспекцискиот надзор кој ги има обврзано во тек на пет дена менаџментот на институцијава да најде решение за 18-те луѓе кои се вработени таму, кои работат, а не добиваат економски надомест, изјави Демири.

Рече дека не се точни наводите дека економската директорка доаѓала на работа четири часа.

- Според моите сознанија, економската директорка оди на работа и не се паркира на влезот на Клиниката. Проверено е, рече Демири. 

78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка

Вчера во 11.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово - с.Јажинце, на влез за тетовско Теарце, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“, управувано од Ш.Џ.(74) од тетовско Шемшово и  патничко возило „фолксваген голф“, управувано од А.Р.(78) од тетовско Пршовце, двете со тетовски регистарски ознаки.

Во несреќата, А.Р. се здобил со тешки телесни повреди, додека Ш.Џ. се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово, соопштува МВР.

Почина таткото на Тоше, Никола Проески

По долго боледување, почина таткото на Тоше, Никола Проески.

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.

„Светол патот, татко мој“, напиша таа.

Музичарот Тоше Проески загина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска. 

Популарно