Стивен Агакани (13) е мега популарен на Instagram каде редовно објавува слики и видеа од супер автомобилите кои ги вози. И тоа прилично брзо.
Досегашниот рекорд на Стивен бил 315 km/h, но благодарение на супер моќниот Bugatti Veyron, тој сега постигна 325 km/h.
И најинтересно од се, после возењето овој 13 годишник изјавува дека се чувствувал дека може да оди и многу побрзо од тоа и дека веќе му кажал на татко му дека сака да ја помине границата од 210 mph (338 km/h).
Веројатно и не треба да се каже, може да очекуваме дека наскоро ќе го направи и тоа.