Шок за пушачите во Македонија: Ново големо поскапување на цигарите

Нова серија поскапувања на цигарите во Македонија. Веќе неколку дена по ред, поскапуваат најпопуларните брендови на цигари во земјава.

цигари

Од пред неколку дена, Марлборо во тврдо пакување се продава по цена од 130 денари за кутија додека по 5 денари за кутија, на 100 денари поскапеа и Марлборо едициите на малку потенки цигари.

Поскапеа и цигарите Вест во тврда и мека варијанта на 70 односно 80 денари по кутија.

Од пред неколку дена поскапи се и Честерфилд кои наместо 70 сега се продаваат за 75 денари.

Кутија Родео, еден од најпопуларните брендови меѓу македонските пушачи од пред месец дена наместо за 63 се продава за 68 денари.

Поскапи се и Давидоф кои сега се продаваат по 135 денари.

Согласно правилникот за акцизите на цигарите, државата предвиде до оваа година цигарите годишно да имаат по 3 денари од кутија повисока акциза а следниот 1 јули, 2017та година, акцизата да порасне за 4 денари по кутија.

Сепак, производителите решија да направат поскапување и за до 5 денари по кутија, а некои брендови, како на пример Марлборо за неколку месеци поскапеа и по 10 денари за една кутија.

Поголемиот дел од палетата цигари што ја нуди скопскиот тутунски комбинат "Империјал тобако", од први јули годинава веќе се продава поскапо.

Варијациите на "бос" се продаваат поскапо за 5 денари, а поскапени се и сите варијации на "вест". По ново, "вест меко" чини 70 денари, а "вест суперслим" 90 денари. За по пет денари се поскапени и сите варијации на "родео", освен "родео" (меко), чија цена остана непроменета.

Во февруари годинава, од три до пет денари поскапеа цигарите од Тутунскиот комбинат Прилеп. Со поскапувањето варијациите на "марлборо" се продаваа за 95 денари а денеска чинат 100 денари за кутија што значи за 6 месеци цената им скокнала за 10 денари. Цената на "филтер 57" се зголеми за три денари и чини 58, а од 55 на 58 денари се поскапени тврдите пакувања на "класик блу" и "класик ред".

Религија.мк избира личност на годината на МПЦ-ОА

Религија.мк, годинава спорведува јавно гласање за избор на личност на годината меѓу владиците на МПЦ-ОА. На листата се сите архијереи, членовите на Синодот, викарните епископи и пенизионираните.

Гласањето трае до 09 јануари 2026 година.

За да гласате презетете го прашалникот од овој ЛИНК

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Популарно