ФОТО: НЕ било шега - Со оваа девојка Ѓоковиќ ја изневерувал Јелена

Она што сите го сфативме како шпекулација, односно измислена приказна од италијанскиот весник "Газета дело Спорт" доби нов тек, според кој изгледа дека боливудската афера на Новак Ѓоковиќ не било чаршиски муабет.

410303-bolivudskata-afera-ne-bila-charshiski-muabet-dodeka-jelena-chuva-dete-novak-ljubel-indijka

Пред извесно време се шушкаше дека Ноле имал авантура со една позната инсиска актерка Дупико Падукон, и тоа ни две години по стапувањето во брак со Јелена, на црногорскиот Свети Стефан и по добивањето на синот Стефан. Во наплив на бес Јелена тогаш наводоно ги одвоила банкарските сметки , што е чекор кон разделба од тинејџерската љубов.

Имено, тогаш се пишуваше со доза на подбив кон жолтиот пелат, дека сите славни личности барем еднаш во животот се нашле во "љубовна афера" која им е сместена од страна нажолтиот печат. Ваква судбина го снајде и светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ, откако англиските медиуми објавија дека имал афера со индиската убавица Падукон.

410304-bolivudskata-afera-ne-bila-charshiski-muabet-dodeka-jelena-chuva-dete-novak-ljubel-indijka

Новак и Јелна ја запознаа индиската актерка преку заеднички пријател. Семејството Ѓоковиќ и актерката во исто време престојувбале во Лос Анџелес , па британскиот таблоид "Дејли меил" го искористи тоа за да ја пласира екскулзивната информација дека тенисерот и актерката биле заедно на вечера , а потоа заедно ја поминале ноќта.

По шокантниот пораз во третот коло на Вимблдон се зборуваше дека не се работи за повреда или пад на формата на најдобриот тенисертуку семејни проблеми, а во интервјуто за "Тајм", го потврди тоа и додаде дека секој во живото се наоѓа пред предизвици и дека тие се решаваат, па се претпоставува дека ги решил проблемите со Јелена.

410302-bolivudskata-afera-ne-bila-charshiski-muabet-dodeka-jelena-chuva-dete-novak-ljubel-indijka

Митревски блескаше на голот во португалското дерби

Македонскиот голман повторно блескаше во дресот на Порто кој триумфираше на гостински терен во дербито на португалското ракометно првенство против Спортинг со 37:35.

Нашиот чувар на мрежата придонесе во победата со девет одбрани.

На табелата Спортинг има 40 бодови, пред Порто со 38, следуваат Бенфика (34) и Брага (28).

Македонија има нов светски шампион

Македонија има нов светски шампион! Бобан Илиоски го победи Берк Дузенли во првата професионална битка за појас во „ВАКО Про АФН 9“ и по аматерските трофеи, се закити со признание и во професионалните води. Илиоски во борбата во дисциплината К1 успеа да ја исполни зацртаната цел и стана професионален кик-бокс шампион. 

Илиоски во пет рунди беше подобар од турскиот ривал на големиот светски настап кој се одржа во СЦ „Јане Сандански“. Македонецот имаше проблеми против Дузенли кој беше расположен во првите неколку рунди, меѓутоа потоа успеа да воспостави контрола. Илиоски добро се бранеше, го одби противничкиот налет и со удари од дистанца собра доволно бодови. 

Откако немаше нокаут во петте рунди, одлуката остана на судиите, а спикерот го прогласи Илиоски за победник на одушевување на присутните во салата. За македонскиот кик-боксер ова е најголем успех во досегашната кариера, откако претходно стана светски и европски првак во ВАКО аматерските натпреварувања. 

Пред одлично пополнети трибини во скопската сала Македонија доби нов првак на професионално ниво. Во поддршка на својот другар Бобан Илиоски дојдоа и навивачите на Вардар, верните „Комити“ во солидна бројка. 

Лазаров доби нов помошник во репрезентацијата

Поранешниот репрезентативец Стојанче Стоилов ќе биде дел од стручниот штаб на машката репрезентација на Македонија.

Тој и претходно беше дел во неколку наврати од подготовките на националниот тим откако ја заврши репрезентативната кариера, но сега ќе биде во улога на асистент.

Ова е четврти екс репрезентативец кој влегува во стручниот штаб на селекторот Кире Лазаров по Бранко Ангеловски, Ацо Јоновски и Филип Миркуловски.

Машката репрезентација ја очекува двомеч со Фарски Острови за пласман на СП 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.

Првиот натпревар се игра во Торшавн на 8 мај од 20:00 часот, додека реваншот е во Скопје на 12 мај од 19:00 часот

Популарно