Во 2013 година остана без сопругот Игор Памовиќ, кој почина само два месеци откако стапија во брак, се повлече од музичката сцена, па по долга пауза, повторно снима нови песни и има ново момче.
Гога Секулиќ е во врска со 15 години помладиот Урош Домановиќ, па покрај тоа што се при крај со реновирање на станот, пејачката потврди дека активно работат и во креветот.
Убавата Секулиќ била начекана од новинари додека излегувала од аптека, каде купила тест за бременост, па на прашањето дали очекува бебе, го кажала следното:
„Дали тестот ќе ми помогне да дознаам? Подобро веднаш да знам дали сум или не сум бремена. Се надевам дека сум, бидејќи тоа го очекува и Урош. Работиме на овој случај. Никогаш до сега не сум утврдувала бременост, ова е за мене прв пат.“