Ја фатил девојката како има секс со другар, па решил да имаат групњак!

Кошаркарот на Њујорк Никс, Дерек Роуз, се појави пред судот во Лос Анџелес поради тужбата за силување на својата девојка во 2013. година.

????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????

Еден од најдобрите НБА кошаркари, кој ова лето пристигна во редовите на Њујорк од екипата на Чикаго, според неофицијални извори, со негов другар ја силувале девојката со која во тоа време биле во врска. Роуз во текот на испитувањето изнесе порака што поранешната девојка му ја испратила порака 17 часа пред наводното силување.

-Ти си причината поради која се будам напалена, гласела пораката на девојката.

Во продолжение на распитот тој додал дека не ја присилувал на секс, туку тоа било нејзина доброволна одлука.

-Таа сама посака сексуален однос со мене. Бевме во врска тој период и не биравме дали ќе се сексаме во ден или навечер, изјавил Роуз.

Роуз говорел дека таа вечер, кога се случило наводното силување, девојка му била премногу агресивена и навалувала да имаат сексуален однос. Се обидела да го привлече неговото внимание и почнала да го бакнува, по што тој ја одбил.

Подоцна истата вечер девојка му имала секс со еден од неговите другари покрај базенот, но го поканила и него, сепак Роуз одбил.

-Единствена причина поради која бевме заедно, беше сексот. Кога ја видов како се секса со мојот другар ми текна на пораката која ми ја имаше испратено, па не ми претставуваше никаков проблем и затоа не сакав да се замарав, туку само искулирав, додаде кошаркарот на Њујорк.

Неколку часа подоцна, тој добил порака од девојката која го повикала во неговиот стан. кога пристигнал во станот биле уште двајца негови другари. Сите се упатиле ко спалната, но девојката рекла „еден по еден“, па момците послушале. Роуз влегол како втор, и вели дека немало силување, туку доброволен секс.

Митревски блескаше на голот во португалското дерби

Македонскиот голман повторно блескаше во дресот на Порто кој триумфираше на гостински терен во дербито на португалското ракометно првенство против Спортинг со 37:35.

Нашиот чувар на мрежата придонесе во победата со девет одбрани.

На табелата Спортинг има 40 бодови, пред Порто со 38, следуваат Бенфика (34) и Брага (28).

Македонија има нов светски шампион

Македонија има нов светски шампион! Бобан Илиоски го победи Берк Дузенли во првата професионална битка за појас во „ВАКО Про АФН 9“ и по аматерските трофеи, се закити со признание и во професионалните води. Илиоски во борбата во дисциплината К1 успеа да ја исполни зацртаната цел и стана професионален кик-бокс шампион. 

Илиоски во пет рунди беше подобар од турскиот ривал на големиот светски настап кој се одржа во СЦ „Јане Сандански“. Македонецот имаше проблеми против Дузенли кој беше расположен во првите неколку рунди, меѓутоа потоа успеа да воспостави контрола. Илиоски добро се бранеше, го одби противничкиот налет и со удари од дистанца собра доволно бодови. 

Откако немаше нокаут во петте рунди, одлуката остана на судиите, а спикерот го прогласи Илиоски за победник на одушевување на присутните во салата. За македонскиот кик-боксер ова е најголем успех во досегашната кариера, откако претходно стана светски и европски првак во ВАКО аматерските натпреварувања. 

Пред одлично пополнети трибини во скопската сала Македонија доби нов првак на професионално ниво. Во поддршка на својот другар Бобан Илиоски дојдоа и навивачите на Вардар, верните „Комити“ во солидна бројка. 

Лазаров доби нов помошник во репрезентацијата

Поранешниот репрезентативец Стојанче Стоилов ќе биде дел од стручниот штаб на машката репрезентација на Македонија.

Тој и претходно беше дел во неколку наврати од подготовките на националниот тим откако ја заврши репрезентативната кариера, но сега ќе биде во улога на асистент.

Ова е четврти екс репрезентативец кој влегува во стручниот штаб на селекторот Кире Лазаров по Бранко Ангеловски, Ацо Јоновски и Филип Миркуловски.

Машката репрезентација ја очекува двомеч со Фарски Острови за пласман на СП 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.

Првиот натпревар се игра во Торшавн на 8 мај од 20:00 часот, додека реваншот е во Скопје на 12 мај од 19:00 часот

Популарно