ВО ЖИВО: Опсада во Србија - седум часа специјалци трагаат по вооружени разбојници скриени во зграда

img_3251-82554

Утрово околу 8 часот во Трговската улица во белградската населба Чукарица, е ограбена менувачница и е претепан сопственикот (43), и како што досега се знае според неофицијални информации, непознатите напаѓачи избегале со пленот од околу милион динари и се забаракадирале во блиска зграда.

Новинарите на српски Телеграф го следат на лице место .

На лице место се распоредени силни полициски сили, снајперисти и пожарникари а целата област околу е блокирана.

Станарите од прозори ја следат полициската акција, а полицијата пушта некои од станарите кои во моментот на опсадата се затекнале надвор да влезат во зградата, и притоа ги прегледуваат нивните станови.

Полицајците ја пребаруваат зградата, која има 11 катови , еден по еден. На секој од катовите се наоѓаат по шест станови.

Следете ја акцијата во видеото подолу која ја пренесува српски Телеграф!

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно