Синоќа во болница во Палермо се породи сопругата на Трајковски, а голгетерот на италијанскиот калчолигаш веднаш радоста ја сподели на социјалните мрежи
Македонскиот фудбалски репрезентативец Александар Трајковски доби наследник. Неговата сопрува Александра синоќа се породи во една болница во Палермо и на свет го донесе Матеј. Напаѓачот сезонава има проблеми со повредите, но затоа сега доби еден од најубавите подароци што постојат. Стана татко.
„На свет дојде нашиот Матеј. Среќа најголема“, напиша Трајковски на фотографијата на Фејсбук.