Урко е новиот претседател на кик боксинг федерацијата

На вонредната седница на Кик Боксинг федерација на Македонија за нов претседател беше избран Дејан Митровски – Урко. За него гласаа сите членовите на вчерашното собрание.

urko-so-reprezentcaijata

Воедно, на собранието беше избран и нов Извршен одбор и нов Надзорен одбор на КБФМ.

По завршувањето на собранието, се одржа седница на новиот Извршен одбор на Кик боксинг федерацијата на Македонија и на истата седница за нов Генерален секретар на федерацијата е избран, Драган Атанасовски.

Новоизбраните челници на КБФМ, дуото Митровски и Атанасовски се активни членови пред, за време на формирањето и по формирањето на КБФМ, најпрво како натпреварувачи, а потоа како тренери на спортски клубови и репрезентација.

По именувањето, претседателот им се заблагодари на членовите на собранието за укажаната доверба.

– Го сакам кик боксот, ќе работам чесно и достојно во согласност со Статутот на КБФМ за доброто на кик боксот и за негово издигнување на уште повисоко ниво. Веќе работиме на подобрување на меѓу клупските и меѓу тренерските односи, за сите заедно да дадеме свој придонес кон зајакнување на колективот помеѓу клубовите во федерацијата, кој ќе вроди со продуцирање на поквалитетни натпреварувачи и постигнување на уште поголеми резултати како на домашни така и на меѓународни првенства, изјави Митровски.

Јавно им се обраќам на сите кик бокс клубови, тренери, натпреварувачи и спортски работници дека вратите на Кик бокс федерацијата се отворени за сите оние кои вистински сакаат да бидат дел од неа. Во следниов период акцентот ќе го поставиме на вториот дел од Европското сениорско WAKO првенство кое ќе се одржи во Лутраки, Грција; со што ќе го завршиме овогодинешниот натпреварувачки календар. По завршувањето на натпреварувачката сезона за 2016 година ќе направиме анализа на досегашните збиднувања и резултати со која ќе ги отстраниме досегашните негативности и ќе вметнеме новини со цел подобрување на целокупната состојба, додаде новиот претседател на Кик Боксинг федерацијата на Македонија.

Митревски блескаше на голот во португалското дерби

Македонскиот голман повторно блескаше во дресот на Порто кој триумфираше на гостински терен во дербито на португалското ракометно првенство против Спортинг со 37:35.

Нашиот чувар на мрежата придонесе во победата со девет одбрани.

На табелата Спортинг има 40 бодови, пред Порто со 38, следуваат Бенфика (34) и Брага (28).

Македонија има нов светски шампион

Македонија има нов светски шампион! Бобан Илиоски го победи Берк Дузенли во првата професионална битка за појас во „ВАКО Про АФН 9“ и по аматерските трофеи, се закити со признание и во професионалните води. Илиоски во борбата во дисциплината К1 успеа да ја исполни зацртаната цел и стана професионален кик-бокс шампион. 

Илиоски во пет рунди беше подобар од турскиот ривал на големиот светски настап кој се одржа во СЦ „Јане Сандански“. Македонецот имаше проблеми против Дузенли кој беше расположен во првите неколку рунди, меѓутоа потоа успеа да воспостави контрола. Илиоски добро се бранеше, го одби противничкиот налет и со удари од дистанца собра доволно бодови. 

Откако немаше нокаут во петте рунди, одлуката остана на судиите, а спикерот го прогласи Илиоски за победник на одушевување на присутните во салата. За македонскиот кик-боксер ова е најголем успех во досегашната кариера, откако претходно стана светски и европски првак во ВАКО аматерските натпреварувања. 

Пред одлично пополнети трибини во скопската сала Македонија доби нов првак на професионално ниво. Во поддршка на својот другар Бобан Илиоски дојдоа и навивачите на Вардар, верните „Комити“ во солидна бројка. 

Лазаров доби нов помошник во репрезентацијата

Поранешниот репрезентативец Стојанче Стоилов ќе биде дел од стручниот штаб на машката репрезентација на Македонија.

Тој и претходно беше дел во неколку наврати од подготовките на националниот тим откако ја заврши репрезентативната кариера, но сега ќе биде во улога на асистент.

Ова е четврти екс репрезентативец кој влегува во стручниот штаб на селекторот Кире Лазаров по Бранко Ангеловски, Ацо Јоновски и Филип Миркуловски.

Машката репрезентација ја очекува двомеч со Фарски Острови за пласман на СП 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.

Првиот натпревар се игра во Торшавн на 8 мај од 20:00 часот, додека реваншот е во Скопје на 12 мај од 19:00 часот

Популарно