Грција ќе враќа дел од ДДВ за сметки од 50 евра

Грчките власти ја намалија границата за враќање данок на додадена вредност (ДДВ) на купени производи, бела техника и облека во Грција за странски државјани.

evra-pixabay-1

Ако досега за да ви биде вратен ДДВ беше неопходно најмалата сума на една сметка да биде 120 евра, со одлука на генералниот секретаријат за јавни приходи, сега сумата е намалена на 50 евра.

Отсега со секоја сметка во износ од повеќе од 50 евра, странските посетители и туристи, меѓу нив и македонските, може при излегувањето од Грција да побараат да им биде вратена сумата од ДДВ.

За сметки од 50 до 70 евра ќе ви бидат вратени 6 евра, додека, пак, од 70 до 120 евра сумата ќе биде 12 евра. Парите може да ги побарате или на фри-шопот на граничниот премин Богородица или, пак, на конкретните точки за враќање ДДВ за производи купени во странство во Скопје.

Одлуката да се намали сумата за која ќе може да им се врати ДДВ на странските граѓани е донесена за да се поддржат грчките трговски компании, чии производи се нудат без данок. Грција досега имаше прилично висока гранична сума за повраток на ДДВ, 120 евра. За споредба, на пример, во Кипар таа сума подолго време е 50 евра, во Португалија е 62 евра, а во Шпанија – 90 евра. Намалувањето на ДДВ се смета и за можност Грција да се приближи до европскиот просек околу оваа политика.

За да добиете повраток на ДДВ, неопходно е да имате соодветен формулар, кој го добивате штом побарате враќање на данокот при купувањето на производите. Формуларот треба да се приложи на грчката царина и важи 90 дена, односно парите може да ги побарате во рок од три месеци.

Надежите во Грција се дека оваа мерка можеби ќе помогне да се зголеми потрошувачката на странските посетители и туристи во Грција и да се зголеми профитот на грчките трговци. Проценките се дека и во Грција и општо во ЕУ, туристите трошат многу помалку од претходните години, делумно поради намалениот туристички буџет, сумите кои се плаќаат за визите, но и стравот од можни терористички напади.

Извор: Мета.мк

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно