Шокантен пресврт: Докторката која го лекуваше момчето кое почина од инфекција призна дека…

Педијатарот на Општата болница во Лозница доктор Милена Филиповиќ вчера рекла на сослушувањето во Обвинителството во Лозница дека забележила на раката на момчето Раденко Никодиновиќ дека има инфекција, но сепак чекала тоа да го  утврди и ортопедот Доктор Добривоје Бјовиќ. Таткото на Раденко вели дека е шокиран од изјавата на докторката Филиповиќ која индиректно признала дека не реагирала, иако ја забележила влошената состојба.

fewgkerahetjh-89868

– Докторката Филиповиќ мртва ладна рекла дека се посомневала дека раната ќе се инфексцира, но и дека чекала да го отврди тоа и докторот, кој бил следниот ден на работа.

Како што рекла, иако детето имало температура не ги побарала резултатите од крвната слика бидејќи пиел антибиотици па клиничката слика не би била добра.

– Чесна беше само докторката Светлана Орбановиќ која веднаш ја забележи инфекцијата и не упати во Белград, раскажал таткото на детето кое почина поради инфекција.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно