Како правилно се празнува Бадник според православните канони?

Најпрво, треба да расчистите, дали припаѓате на делот од верниците кои ги следат народните традиции, кои во себе во многу содржат пагански делови, традиции на други народи, односно, дали верата и црквата, односот со Бог го сфаќате како должничко – доверителски однос (ќе ти запалам свеќа – ако ми дадеш здравје), или, припаѓате на втората група верници, кои секоја недела одат на литургија, ги постат четирите годишни пости, не бараат од Бога, туку само му заблагодаруваат што се живи и за се што им се случува во животот, се исповедаат и ја примаат светата тајна причест!

За да ви стане појасно ова, еве еден цитат од Митрополитот Струмички Наум:

“Секој празник во Црквата има една и единствена цел – причестување со Светите Тајни Христови.

Без остварување на оваа цел,може да стане збор за сѐ, само не и за верско и побожно славење на Бог!”

Сепак, преку ноќ не може да се сменат навиките и убедувањата, ама од некаде треба да се започне. Би било добро тоа да биде Бадниковата трпеза!

Еве што таа треба да содржи:

Бидејќи последниот ден пред Христовото Раѓање, Божиќ, е строг пост, се подразбира дека на трпезата не треба да има јадења кои содржат масло, уште помалку риба!

Па така, на трпезата може да имате посно гравче, посна леќа, или некое друго вариво од зеленчук.

Варени или печени костени, варена пченица, макало од грав и компир, јаткасто овошје, овошје...

Постот на вода исто така подразбира дека не треба да се пие алкохол, па така, виното оставете го за Божиќ.

Лебчето со паричка, според православната традиција, се прави на Василица, не на Бадник.

Задолжително, пред почетокот на ручекот или вечерата, треба да се каже молитвата кон Бога.

Тинејџер тешко повреден, со автомобил удрил во паркирано возило

На 30.04.2024 во 17.40 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека на локалниот пат с.Ерџелија-с.Мустафино, патничко возило „опел“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од В.М.(18) од с.Мустафино, светиниколско, удрило во паркирано возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил В.М., констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.

Овој хороскопски знак дава само една шанса

Вагите се седмиот знак во Зодијакот, доаѓаат по Девиците и пред Скорпиите.

Вагите се наоѓаат помеѓу редот и хаосот и како да се обидуваат да балансираат помеѓу овие две работи. Затоа, овој знак може да биде неодлучен и тешко да носи одлуки.

Машките Ваги често привлекуваат подоминантни жени, кои не се плашат да ги преземат работите во свои раце. Вагите сакаат да зборуваат за врските, но и за своите чувства. 

Речиси секогаш ќе сакаат да разговараат и да прават нешто, особено нешто убаво, нешто уметничко и нешто каде ќе можат да се изразат себеси, ќе употребат многу работи, но не и зборови. Полето на зборовите сепак го оставаат на својот претходен глас, на соседната Девица. Врските се многу важни за овој знак, па често се чувствуваат најисполнето кога се во врска, брак или партнерство во кое има обострана љубов. Вагите имаат добро око за естетика и уредување простор, а ја ценат и уметноста.

Вагите се многу романтични и уживаат во интимните моменти. Оние кои ќе се заљубат во Вага, секако бараат идеален партнер. Тие сонуваат да имаат силни, амбициозни, исклучителни и успешни партнери. Уште еден совет: Вагите никако не толерираат агресивност и тензии. Попрво ќе седнат и ќе молчат, отколку да се расправаат. Немој да се трудите да ги вовлекувате во расправии. Исто така, никогаш немојте да ги изолирате Вагите од друштвото. Тие се едни од најдруштвените луѓе, иако претпочитаат помали и поинтимни групи. Луѓето во овој знак се гордеат со своите добри манири и уживаат со мала и одбрана група пријатели.

Вагите не го даваат лесно своето срце, но еднаш кога ќе го дадат, тоа обично трае засекогаш. Доколку сакате некој од овој хороскопски знак и тие ви ја возраќаат љубовта, вие сте исклучително среќни личности. Тие се многу чувствителни и внимавајте да не ги повредите. 

Вагите никогаш не се враќаат во минатото и не даваат втора шанса! Ако ви дадат шанса, искористете ја и не чекајте втора шанса, затоа што ќе добиете само една шанса!

Пронајдено 5-годишното девојче кое исчезна во парк Сарај

Пронајдено 5-годишното девојче кое исчезна во парк Сарај.

Од МВР информираа дека денеска околу 16:20 во паркот Сарај во Скопје исчезнало девојче на возраст од 5 години, а исчезнувањето во полиција го пријавила нејзина возрасна роднина.

Девојчето имало руса долга коса собрана во репче, облечена во розев фустан и розеви кондурчиња со чорапи.

Два часа подоцна поточно во 18:15 на ул.1 во Сарај поточно пред ТЦ-Сарај, од страна на случаен минувач пронајдено е исчезнатото дете Асија Халими.

Популарно